23 Јули, 2024
0.0241

СВЕТСКИОТ ГИГАНТ ЌЕ ИНВЕСТИРА МИЛИЈАРДИ ВО ГЕРМАНИЈА: продолжуваат таму каде што застанаа, ќе се отворат нови работни места

Објавено во: Финансии 21 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Американската компанија Амазон планира да инвестира уште десет милијарди евра во Германија, од кои најголем дел ќе бидат во нејзините услуги за облак интернет. Помал дел ќе се влее во проширување на логистиката, роботиката и две нови корпоративни централи, како што соопшти во средата германското седиште на Амазон во Минхен, а пренесува агенцијата dpa.

Германската работна сила на Амазон се очекува да порасне на 40.000 вработени со полно работно време до крајот на годината, од околу 36.000 во 2023 година. Компанијата, која е основана во летото 1994 година, денес вработува повеќе од 1,5 милиони луѓе ширум светот, од кои повеќето се уште се во САД.

Сепак, Германија е важен странски пазар за Амазон. Групацијата го процени вкупниот износ на тековно планираните инвестиции во Германија на 17,8 милијарди евра.

Од дополнителните десет милијарди, американската групација сака да потроши 8,8 милијарди во областа Рајна-Мајна до 2026 година, за да го прошири бизнисот на својата подружница во облак Amazon Web Services (AWS).

- Германија е срцето на нашите иновации за цела Европа - рече Стефан Хехбауер, шеф на AWS за Германија и Централна Европа.

Според сопствените податоци, Амазон има инвестирано повеќе од 77 милијарди евра во Германија од 2010 година.


Фото: Принтскрин/Х

Можеби ќе ве интересира

ОБРАЗОВАНИЕ И УМЕТНОСТ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА ПЛАТАТА - просекот надминува 40 илјади денари

ОБРАЗОВАНИЕ И УМЕТНОСТ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА ПЛАТАТА - просекот надминува 40 илјади денари

ДУРИ 45 ГОДИНИ СТАЖ ЗА ПЕНЗИЈА ОД САМО 1.200 ЕВРА: Зошто пензиите се ниски во Германија?

ДУРИ 45 ГОДИНИ СТАЖ ЗА ПЕНЗИЈА ОД САМО 1.200 ЕВРА: Зошто пензиите се ниски во Германија?

ДОНЕСУВААТ ДОБРА ЗАРАБОТКА: Кои се најпопуларните сезонски работни места?

ДОНЕСУВААТ ДОБРА ЗАРАБОТКА: Кои се најпопуларните сезонски работни места?

КОЛКУ Е БОГАТА КАМАЛА ХАРИС, НОВАТА КАНДИДАТКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД? „Има многу пари, но можеше да биде уште побогата доколку попаметно инвестираше“

КОЛКУ Е БОГАТА КАМАЛА ХАРИС, НОВАТА КАНДИДАТКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД? „Има многу пари, но можеше да биде уште побогата доколку попаметно инвестираше“

СЕ ОГЛАСИ НЛБ ЗА КРЕВАЊЕТО НА ПОНУДАТА ЗА АКВИЗИЦИЈА НА АДИКО БАНКА - влезот на хрватскиот пазар би бил корисен за клиентите

СЕ ОГЛАСИ НЛБ ЗА КРЕВАЊЕТО НА ПОНУДАТА ЗА АКВИЗИЦИЈА НА АДИКО БАНКА - влезот на хрватскиот пазар би бил корисен за клиентите

Димитриеска Кочоска најавува одземање на лиценца за приредување игри на среќа на две друштва, еве што кажа за штетите врз буџетот

Димитриеска Кочоска најавува одземање на лиценца за приредување игри на среќа на две друштва, еве што кажа за штетите врз буџетот

КОЛКУ ЧИНИ ОДМОРОТ ВО ЗЕМЈИТЕ КАДЕ МАКЕДОНЦИТЕ НАЈЧЕСТО ОДАТ? Албанија е најевтина

КОЛКУ ЧИНИ ОДМОРОТ ВО ЗЕМЈИТЕ КАДЕ МАКЕДОНЦИТЕ НАЈЧЕСТО ОДАТ? Албанија е најевтина

ЗА ОСТАВЕН ПЕШКИР НА ПЛАЖА, КАЗНИТЕ СЕ ПРЕСОЛЕНИ: Еве каде во околината ова се казнува

ЗА ОСТАВЕН ПЕШКИР НА ПЛАЖА, КАЗНИТЕ СЕ ПРЕСОЛЕНИ: Еве каде во околината ова се казнува

УЈП најави исплата на повратот на ДДВ, но и инспекциска контрола кај дел од даночните обврзници

УЈП најави исплата на повратот на ДДВ, но и инспекциска контрола кај дел од даночните обврзници