06 Мај, 2024
0.0231

СВЕТСКА БАНКА ПОРАЧУВА: Македонија да внимава за што се задолжува!

Објавено во: Финансии 03 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Објавените фискални податоци се релативно сеопфатни, но сепак постојат одредени недостатоци. Владата го подобри управуавњето и контролата на долгот, но извршувањето на буџетот е слабо и не се исполнуваат фискалните цели. Скоро 80 проценти од јавните трошења се состојат од плати во јавниот сектор, социјални трансфери и субвенции, кои тешко можат да се намалат ненадејно односно непланирано. Здравствениот сектор и натаму се соочува со заостанати обврски. Ова се дел од наодите во новиот извештај “ Преглед на јавните расходи во Република Македонија- Фискална политика за раст“ што го објави Светска Банка. Трошења, приходи и дефицит … Извршувањето на буџетот е слабо и владата не ги исполни своите фискални цели. Бидејќи скоро 80 проценти од јавните трошења се состојат од плати во јавниот сектор, социјални трансфери и субвенции, кои тешко можат да се намалат ненадејно, намалувањето на приходите не секогаш беше придружено со соодветно намалување на расходите. Како резултат на ова, фискалните дефицити се проширија со текот на времето и владата едноподруго не успеа да ги оствари своите фискални цели во периодот помеѓу 2012 и 2014 година, констатира извештајот на Светска Банка. Според анализата во 2012 и 2013 година, овие пречекорувања, во одредена мера, се должеле и на тоа што Владата ги расчистуваше заостанатите обврски за поврат на ДДВ и на добавувачите. “Фискалниот дефицит во 2014 година се прошири за 4,2 проценти од БДП во споредба со првично планираниот дефицит од 3,5 проценти од БДП“, се посочува во извешатајот. Во анализата е нотиран и растот на Јавниот долг, па така аналитичарите на Светска Банка посочуваат дека тој во 2002 година изнесувал 45,7 проценти од БДП поврзувајќи го овој тренд со конфликото и кризата во 2001 година. Подоцна, предвремените отплати на парискиот клуб ѝ овозможија на земјата да го намали својот јавен долг на 23,0 проценти од БДП во 2008година, и како што пишува во извештајот тоа е и најниското ниво во текот на оваа деценија. “Оттогаш, јавниот долг се зголеми на 40,5 проценти од БДП во 2013 година, односно 46 проценти во 2014 година. Долгот и понатаму под контрола и под просекот на регионот ЈИЕ 6 од 52,6 проценти во 2014 година. Во исто време, уделот на долгот изразен во странска валута во вкупниот долг и понатаму е стабилен, а просечното време на доспевање на јавниот долг значително се подобри“, констатира извештајот. Лоцирани слабости… Сепак поради растечкиот тренд на јавниот долг и отстапувањата во буџетскиот дефицит, Светска банка, меѓудругото ги лоцираше следниве слабости (цитат од извештајот): -Слабостите во јавното финансиско управување станаа поочигледни. Владата акумулираше значителни заостанати обврски во однос на поврат на ДДВ и стоки и услуги кон крајот на 2011 и 2012 година. До февруари 2013 година, Владата најави дека овие заостанати обврски се расчистени. Фискалните дефицити се проширени од 2011 година, а Владата не ги исполнува фискалните цели три години по ред, односно во периодот од 2012 до 2014 година -Ефикасноста на јавните трошења и понатаму е ниска. Анализата на средината на функционирање, со која се врши споредба на трошењата и исходите со други земји во регионот, укажува дека владата би можела да ги постигне истите секторски исходи со значително помали трошења, особено, во образование, инфраструктура и социјална заштита. Овој извештај исто така утврдува и значителна неефикасност во делот на земјоделски субвенции и здравство -Јавниот долг е проектиран да се зголеми умерено во рамките на основното сценарио земено предвид во овој извештај, но се очекува брзо да се зголеми доколку целосно се спроведе тековната програма на владата 2014 – 2018 година. Програмата на владата се обидува да ја подобри социјалната состојба на сите граѓани на Република Македонија преку зајакнување на економскиот раст и конкурентноста, како и преку обемни инфраструктурни инвестиции. Иако ова е за пофалба – подоброто поврзување со соседите е од критично значење за една мала, отворена економија како Република Македонија –сепак важно е да се направи соодветно подредување по приоритети на компонентите на програмата за да се избегне брзото зголемување на долгот со стапка која би ја одвела одржливоста во прашање. Од Светска банка оценуваат дека управувањето со долгот и известувањето за долгот “еволуирале“ во изминатите години, со тоа што се нотира дека долгот се следи на ниво на централна, локална власт, по институции, износ, камата и валута. Според извештајот, долгот ги клучува сите должнички инструменти, со тоа што НБМ го обајвува само надворешниот долг а МФ консолидираниот генерален јавен долг. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот