14 Декември, 2025
0.0480

„Светот на Биби“ ја отвора вратата кон Блискиот Исток, Северна Африка и Канада

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2023 18:46

Добивај вести на Viber

„Светот на Биби“ потпиша договор со Маркетком (Markettcom), водечка агенција за лиценци на Блискиот Исток, Северна Африка (MENA регион) и Канада. Ова партнерство им овозможува ексклузивни права за претставување на „Светот на Биби“ во следните три години на  клучни пазари, што е голема можност за ширење на брендот.

- „Светот на Биби“ има богат содржински материјал со фундаментални вредности и поттикнува позитивен развој на децата. Со помош на нашето заедничко искуство и посветеност на работата, ние сме подготвени значително да го зголемиме препознавањето на брендот „Светот на Биби“ и да постигнеме суштински раст на пазарот во опфатените региони - изјави д-р Амер Битар, основач и извршен директор на Markettcom.

- Партнерството со Markettcom сведочи за високите стандарди на работа на нашиот тим и за квалитетот во содржините што ги создаваме. Присуството на пазар со над 400 милиони жители претставува нов предизвик и огромен потенцијал за креирање нови содржини и уникатни производи - изјави Стојче Коко Ѓорѓиев, коосновач и извршен директор на „Светот на Биби“.

За „Светот на Биби“

Брендот „Светот на Биби“ е основан во 2018 година во Македонија. Со веселите карактери Биби и Боби се слават природата, пријателството и бесконечната љубопитност, вклучувајќи ги децата во волшебни авантури. Од импресивни анимирани приказни, преку живописни книги до весела продукција, овој универзум го отсликува единството, почитувањето и свеста за животната средина, истовремено обединувајќи ги различните култури. Брендот е веќе присутен во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а со поддршката од Фондот за иновации и технолошки развој се работи и на верзија наменета за албанскиот пазар. За повеќе информации, посетете ја страницата https://bwanimation.com/

За Markettcom

Markettcom е водечка агенција за лиценци во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка. Markettcom има соработувано со познати брендови вклучувајќи ги The Met, Shaun the Sheep и Kukuli. Markettcom нуди сеопфатни услуги како претставување на брендот, продажба на медиумски содржини, поддршка на малопродажба и развој на бизнисот. https://markettcom.com/

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија