Свечља се закани дека ќе го уапсат Вучиќ ако дојде во Грачаница без дозвола
Објавено во: Балкан 20 Септември, 2023 15:06
Koсовските власти се закануваат дека ќе го уапсат српскиот претседател Александар Вучиќ ако стапне во Грачаница без довола.
„Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе биде уапсен доколку се обиде да дојде на Косово без дозвола на Приштина“, изјави министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, пишува косовскиот медиум Репортери.
Свечља ја коментираше изјавата на Вучиќ дека планира да ја посети Грачаница.
„Доколку испрати барање, одлуката ќе биде на премиерот дали ќе му даде дозвола на Вучиќ или не. А, без дозвола се знае кои институции се занимаваат со тоа. Како мислите дека некој, странски државјанин, може да влезе во Република Косово без дозвола на косовските институции“, праша Свечља.
Тој изјави дека не верува оти „Вучиќ е толку луд што без дозвола би дошол на Косово“.
Свечља изјави и дека безбедносната ситуација на северот на Косово „никогаш не била подобра“, пренесува Косово онлајн. Тој додаде дека на север, Владата на Косово „се борела против криминалните групи, со што го обезбедувала законот и редот“.
Неодмна, косовската полиција истепа две момчиња од српска националност. Етничките инциденти се чести во северно Косово.Косово повеќе од 10 години не сака да ја формира Заедницата на српски општини.
Вучиќ изјави дека има земји кои ја сметаат Србија за виновна затоа што не го признава Косово и нема напредок во разговорите.
извор: твитер/принтскрин
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




