14 Декември, 2025
0.0905

Суспендирана контроверзна фирма која земаше струја од МЕПСО без да му плаќа

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2023 07:50

Добивај вести на Viber

Операторот МЕМО го суспендира Блесм Поуер Плус од пазарот на електрична енергија до крајот на годината со одлука донесена во петокот. Станува збор за контроверзна фирма која два пати го менуваше името во текот на енергетската криза и остануваше должна во милионски суми кај АД МЕПСО откако два пати влечеше струја од системските резерви а потоа не ги плаќаше фактурите.

„Времено се суспендира учесникот на пазар на електрична енергија БЛЕСМ ПОУЕР ПЛУС ДОО Скопје со лиценца снабдувач со електрична енергија, со ЕДБ: 4080021599229, од пазарот на електрична енергија, поради непочитување на Правилата за пазар на електрична енергија односно нерегулирана балансна одговорност. Времетраењето на суспензијата започнува од 01.10.2023 година и трае заклучно со 31.12.2023 година. Оваа одлука стапува во сила на денот на донесувањето“, пишува во одлуката на МЕМО, државниот оператор на пазарот на електрична енергија.

Во образложението испратено од МЕПСО се гледа дека на Блесм Поуер Плус на два пати му било давана шанса во 2021 и 2022 кога ги носеше имињата Мист Енерџи и Мист Енерџи Еко. При тоа во првата година фирмата остана должна 1,8 милиони евра, а проценките се дека и во следната година се работи за слична сума. Директорот на МЕМО, Симон Шутиновски, за „Фактор“ не обелодени дали и оваа 2023 контроверзната фирма која продолжи да работи под името Блесм Поуер Плус има нерасчистени долгови кон меспо.

- Она што ми е кажано од МЕПСО е дека станува збор за балансна неодговорност од страна на оваа фирма и ние постапуваме по барање на МЕПСО со негово суспендирање, ни изјави Шутиновски без да дава детали за што поконкретно станува збор, односно дали се работи за повторно влечење на струја од европската мрежа и нејзино неплаќање, со што повторно би се оставил МЕПСО да ја сноси одговорноста.

Инаку оваа оваа фирма заедно со добропозната У Повер со стартот на енергетската криза количините ги надополнуваа од резервите на МЕПСО кои се наменети за балансирање на електроенергетскиот систем. Регулаторната комисија за енергетика им ги одзеде лиценците за тргување, но Мист Енерџи се пререгистрира во Мист Енерџи Еко, а потоа и во Блесм Поуер Плус.

Поранешниот пратеник и долгогодишен кадар на операторот на системот за пренос на електрична енергија МЕПСО, Михаил Пановски, е меѓу новите сопственици кои ја презедоа фирмата за прекугранична трговија со увозна струја под новото име. Пановски за време на претходната власт беше член на Управниот одбор на МЕПСО како директор на подружницата Оператор на преносна мрежа. Покрај Пановски, сопственици се уште и Бетим Адеми од Струга и Елизабета Манева од Ѓорче Петров. Меѓу сопствениците се и имињата на тројца државјани од Албанија, поточно од Тирана.

Мист Енерџи Еко во текот на минатата година склучи голем број на договори за снабдување со државни институции и јавни претпријатија. Меѓу повеќемилионските договори во 2022 се и оние со АД Пошта, ЈП Исар, Тетовската болница, Национална радиодифузија, ЈП Железници - Инфраструктура и други.

Во МЕПСО пак во меѓувреме за краток период се сменија двајца директори. На местото на Орхан Муртезани дојде Сурија Рашиди, а по неколку месеци по него беше назначен Зуди Енузи Кока.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји