18 Декември, 2025
0.0667

Супер добитна комбинација! Кое економско чудо од германско знаење и дебарски гипс прави 30 милиони евра годишно?

Објавено во: Економија 12 Јули, 2022 09:13

Добивај вести на Viber

„Кнауф Радика“ е една од најуспешните приватизации во македонската транзиција. Од 1997 година наваму компанијата постојано се развива и усовршува, а дебарскиот гипс е надалеку прочуен и повеќекратно наградуван. Воедно оваа компанија е локомотива на дебарската економија и на реканскиот крај затоа што ангажира речиси 150 вработени

Дебарската компанија „Кнауф Радика“ останува неприкосновен лидер на локалната економија во реканскиот регион. Оваа домашна филијала на една од најпознатите европски производители на гипс картон лани успеа да произведе и продаде гипс картон и други материјали од палетата за сува градба во вредност од 30 милиони евра.

„Кнауф Радика“ е економски мотор на рекански крај, а е алфа и омега за локалната економија на Дебар. Затоа што е најголема компанија која има многу локални контрактори и што е најважно е еден од најголемите работодавачи, кој лани вработувал околу 150 лица од тој крај.

Приходите на македонската филијала на германски „Кнауф“ лани достигнаа 30 милиони евра што е за 3,5 милиони евра подобар резултат од претходната 2020 година која ја одбележаа негативните влијанија на корона – кризата.

Бруто добивката на „Кнауф Радика“ надмина 7 милиони евра што е послабо од претходната споредбена година. Намалувањето на добивката е резултат на зголемените трошоци за дистрибуција и во позначајна мерка зголемените административни трошоци на компанијата.

Нето добивката на друштвото лани изнесува 4,4 милиони евра и тоа е за 28 отсто послаб резултат од претходната година во која приходот бил понизок.

За истакнување е тоа што лани големиот и единствен домашен производител на градежни гипсани материјали ја зголемил вредноста на недвижностите, постројките и опремата со која располага. Според билансот на состојба овие средства достигнале вредност од 12,2 милиони евра на крајот на 2021 година, што е за три милиони евра повеќе од претходната година.

Во минатата година се дуплира и вредноста на залихите со кои располага друштвото во споредба со претходната година и надминува 4,1 милиони евра. Во овој период растат и побарувањата од купувачите и тие се зголемени за 30 отсто и достигнале 2 милиони евра на крајот на 2021 година.

Компанијата од Дебар за производство на гипс за градежни материјали постои од далечната 1954 година и е основана под името „Радика“. Домашната компанија во 1997 година прави успешна постапка и е превзмена од германскиот гигант за гипсани градежни материјали „Кнауф“. Новиот сопственик гради супер модерна фабрика во Дебар која успешно работи и се развива.

Производната палета на „Радика“ по превземањето од „Кнауф“ се проширува со повеќе нови производи, челични профили, прашкасти материјали, малтери, глет маси, маси за исполна, подни кошулки, подни материјали за порамнување и други продукти.

Фабриката ја користи најквалитетната гипсена руда од наоѓалиштата во околината на Дебар и е една од најнаградуваните на светско ниво во Кнауф групацијата.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа