26 Април, 2024
0.0324

Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочи законот со кој 100 илјади граѓани треба да си го решат проблемот со домовите

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднела околу 1.000 амандмани на предлог законот за легализација на диовоградбите. Според министерот за транспорт и врски, со ова тие прават класична блокада на законот и оневозможуваат тој да се изгласа пред распуштањето на пратениците, и околу 100 илјади граѓани нема да можат да си го решат проблемот со своите бесправно изградени домови. 

„ВМРО-ДПМНЕ повторно ги кочат процесите, свесно ги блокираат законите, и нанесуваат штета на граѓаните“, рече Сугарески

За Законот за легализација пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа околу илјада амандмани, со што свесно го закочија законот, со мала веројатност тој да се изгласа пред распуштање на парламентот, вели министерот. 

„Со тоа оставија преку 100 илјади граѓани во неможност да си ги легализираат нелегално изградените објекти. Зошто тоа го прават - си играат со трпението на граѓаните, во неможност да понудат квалитетни решенија. Законот што ова министерство го предложи има јасна цел - да се стави крај на узурпација на просторот и граѓаните да добијат законска сопственост на своите домови. Тие работат против граѓаните и државните интереси, тоа јасно се гледа од овој чин“, тврди Сугарески. 

Тој им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека ако претходно носеле решенија за легализација со кои им се овозможуваше на своите партиски профитери да си ги легализираат своите хациенди, згради и вили, за по едно евро, тоа време веќе го нема. 

„Затоа уште еднаш упатувам апел до пратениците да покажат конструктивност и да го изгласаат овој закон. Ова е класична блокада, со која се прави директна штета за граѓаните“, рече Сугарески.

Инаку вчера се прекинала собраниската комисија на која овој закон бил ставен како четврта точка, откако се увидело дека се поднесени околу 1.000 амандмани. 

„Според нашите сознанија станува збор за чиста блокада, нема подобрување на текст. Претпоставувам се однесува на делот на парите. Вчера не беа ни подредени амандманите. Јас за сите закони како министер се обидувам да преговарам. Но овде е чиста блокада и ќе се обидам да разговарам и да укажам каква штета се прави за граѓаните“, рече Сугарески.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица