26 Април, 2024
0.0294

Сугарески откри зошто немало свечено отворање на автопатот

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски, изјави дека новиот автопат Миладиновци - Штип беше пуштен во употреба минатата недела без свечено отворање поради притисокот од граѓаните што побргу истиот да го користат. Според министерот, доколку се организирала свеченост тоа и понатаму ќе го одложувало неговото пуштање во употреба на негодување на возачите.

– Штом се обезбедија безбедносните услови коишто ги споменувавме претходно, веднаш во средата беше пуштен во употреба експресниот пат Миладиновци-Штип. Во неколку натписи изминатиот период читав дека во изминатите две години СДСМ намерно го кочела пуштањето на патот во употреба, што апсолутно не е точно. Кога дојдовме на власт имаше бројни нерешени проблеми и патот, ако сакате, беше направен 55%, а 45% не беше бидејќи немаше потпишано анекс на договор затоа што на 1 мај 2017 требаше да биде готов. Ние потпишавме на 30 септември и за неполна година и пол патот беше направен. Проблеми што излегоа дополнително беше писмото пратено од кинеската компанија за безбедносните огради кои беа во проектот, но не и во сметката. – рече Сугарески како гостин во 1ТВ.

За новите цени на патарините тој додаде дека се најевтините во Европа и дека средствата од таму мора да се враќаат како рати за банкарските инвестициски кредити за изградба на патиштата.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката