Стурнарас: Преговори за намалување на даноците доколку Грција оствари буџетски суфицит за 2013 година
Објавено во: Балкан 04 Септември, 2013
Грција ќе почне преговори со меѓународните кредитори за намалување на даноците, ако оствари примарен суфицит на државниот буџет за целата година, изјави денеска грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас во интервју за телевизија Скај, пренесува ИТАР-ТАСС.
Според податоците на Министерството за финансии во државниот буџет на Грција во периодот јануари-јули годинава е остварен првичен суфицит од 2,6 милијарди евра. Тоа значи дека првпат во изминатите неколку години грчката Влада оствари буџетско штедење.
Реалниот дефицит во државниот буџет, вклучително каматните повикувања по државните кредити, во истит период изнесуваат 1,9 милијарди евра, што е значително под претходно очекуваните 7,5 милијарди евра.
Според Стурнарар Грција ги остварила буџетските цели за првите седум месеци од годинава, но треба да постигне првичен суфицит на крајот на годината.
- Минавме доста самоуверено првите седум месеци, но да зборуваме за намалување на даноците се уште е рано, изјави Стурнарас.