18 Мај, 2024
0.0329

СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИЗНИС ЕКОНОМИЈА „НА НОЗЕ“: Бараат да им се вратат старите професори, а Просветниот инспекторат да каже по која основа тие се разрешени

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Студентите од Факултетот за бизнис економија денеска излегоа со серија барања во врска со најновите настани кои се случија на нивната образовна институција.

Ова следува откако минатата недела разрешената ВД директорка д-р  Жанина Кировска, во текот на својот мандат од само четири месеци, дала откази на шестмина професори, од кои на двајца во периодот кога била разрешена.

Студентите бараат Просветниот инспекторат да ги информира до каде се контѕролите што тие ги вршат на Факултетот. Исто така, тие прашуваат дали и кога ќе се вработат нови професори, бидејќи наставата трпи, а тие и не сакаат нов наставен кадар, бидејќи, како што велат, си ги сакаат старите професори. Затоа и го повикуваат инспекторатот да провери по кој основ се разрешени професорите. 

Еве што всушност пишуваат студентите организирани при Студентското собрание. 

„Студенското собрание од Факултетот за бизнис економија ви се обраќа на Вас Просветниот инспекторат, да не информирате до каде е вашата контрола на нашиот факултет, со оглед на тоа дека веќе два дена вршите инспекциски контроли во просториите на факултетот, по нашата прва претставка која што ви ја доставивме. Според законот за образование, свесни сме дека процедурата за пронаѓање и вработување на нов наставен кадар е долг процес, кој што временски нас ќе не оштети. Професорката која што во моментов ја врши незаконски функцијата в.д директор, Жанина Кировска, незаконски ги отпушти нашите професори, а ни даде ветување дека ќе добиеме нови професори, кои што сеуште ги нема. Таа, како единствен вработен професор не може да држи настава и сесија“, велат студентите. 

Тие се децидни дека си ги сакаат назад професорите, кои, како што појаснуваат, работеле на Факултетот од неговото основање, и поради чии кфалификации самиот факултет ја има и добиено својата акредитација. Затоса и бараат од Просветниот инспекторат, при неговата контрола, да ги разгледа околностите по кој основ тие се одпуштени. 

„Доколку интервенирате во најбрз можен рок и посериозно, ќе можеме и ние да ја започнеме учебната година како сите останати високо образовни институции. Ние нема да бидеме жртви и тука нема да застанеме. Одговорност ќе бараме. Вие како институција сте должни најдоцна оваа недела да го решите нашиот проблем“, се вели во дописот од Студентското собрание.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, со оваа своја постапка разрешената в.д. директорка го оставила Факултетот со само еден вработен, односно самата таа, и  без Наставнички совет, без Управа и без комисии потребни за функционирањето на факултетот. 

„Разрешената ВД директорка свесно и самоволно го одогловлекуваше и саботираше изборот на директор на Факултетот, и не дозволуваше да се избере директор кога за истото беа исполнети сите законски услови. Разрешената ВД директорка Кировска не постапуваше согласно закон и не создаде услови за почеток на академската година, студентите сеуште не ја започнале со настава, нема професори, нема распоред на предавања, ниту не се одржуваат испит, не се затворени уписите, не може да се одбранат дипломски трудови...Иако разрешена од наставничкиот совет на 4 октомври, се уште ги држи во заложништво печатите и деловодникот, и не дозволува да се спроведе промената со новоизбранот директор. Напротив, иако разрешена даде отказ на последните двајца професори и го остави факултетот со само еден вработен“, вели професорката Анета Васиљевиќ-Шикалеска која на овој факултет предава три клучни предмети, Математика за економисти, Статистика за економисти и Економско истражување.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта