13 Мај, 2024
0.0353

Студенти по архитектура ќе ги разубавуваат фасадите на Цементарница УСЈЕ

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Цементарница УСЈЕ и Архитектонскиот факултет од Скопје објавија конкурс за обнова на фасадните површини на објектите и инсталациите во сопственост на компанијата. Право на учество имаат студентите по архитектура од сите студентски години.

Конкурсот трае до 6. декември 2017 година, а сите заинтересирани студенти ќе можат да се информираат за условите за учество на Интеренет страницата на компанијата www.usje.com.mk на линкот http://usje.mk/upload/pdf/Konkurs_Cementara_2017.pdf  или на интернет адресата на Архитектонскиот факултет http://www.arh.ukim.edu.mk/, од каде можат да ги преземат сите материјали потребни за учество.

Како општествено одговорна компанија УСЈЕ, покрај континуираното модернизирање на технологијата  и процедурите за производство, го иницира овој конкурс за обнова на фасадните површини на дел од своите објекти и на инсталациите со цел тие уште подобро да се вклопат во нивното непосредно опкружување.

„Иако целокупните наши активности се одвиваат по највисоките принципи што ја регулираат работата на оваа индустрија, ние секогаш правиме чекори кој на дело ја докажуваа нашата јасна определба да работиме во целосна согласност со животната средина. Овој преокт е во таа насока и има за цел дополнително да даде приднес кон тоа. Освежувањето на фасадите ќе значи и користење на нови градежни материјали кои се со високи еколошки стандарди, но и дополнително ќе отвори можност за дополнително хортикултурно уредување на УСЈЕ. И што е најважно, оваа активност е можност за младите студенти да работат на конкретен проект кој со својата комплексност е вистински предизвик и глобален тренд.“, истакна Борис Хрисафов, генерален извршен директор на УСЈЕ.

Компанијата е во континуирана комуникација со сите надлежни институции на локално и на централно ниво, како и со граѓаните и невладините организации во насока на дополнително подигнување на стандардите во сите сегменти од работењето.

„Брзиот развој на технологијата влијае и на науката и на динамиката на развојот на пазарот на труд, особено во нашата дејност. Во таа смисла, како суштински важна се покажува соработката помеѓу научните институции и реалниот сектор. На тој начин, ние сме во тек со потребите на пазарот и промените кои се секојдневни и имаме можност да ги вклучиме во нашите едукативни програми. Оттука, соработката од ваков тип е многу важна, бидејќи дава можност за практична работа во текот на едукативниот процес на идните архитекти. Искрено се надевам дека ќе имаме што повеќе проекти од ваков вид.“, истакна проф. д-р Огнен Марина, декан на Архитектонскиот факултет во Скопје.

По завршувањето на конкурсот, 5-члена комисија ќе ги разгледува сите пристигнати идејни решенија и ќе го избере најдобриот предлог. Најдобрите три решенија ќе добијат и парична награда - прва награда во износ од 25.000 денари, втора награда во износ од 15.000 денари и трета награда во износ од 10.000 денари. Дополнително, за откуп на идејните решенија ќе биде исплатен износ од 5.000 денари.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 26. декември 2017 на огласната табла на Архитектонскиот факултет.


Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН