26 Април, 2024
0.2087

СТРУШКА КОМПАНИЈА Е ДОБИТНИК НА ГОДИНАТА: Доби државен тендер вреден над 23 милиони евра

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Струшката компанија Илинден е добитникот на годината. 

Од државата доби тендер вреден над 23 милиони евра, најголем што некогаш го добила во земјава и покрај тоа што во јавните набавки низ годините веќе имала свои договори. Имено Јавното претпријатие за државни патишта објави дека склучила договор со Трговското друштво за градежништво производство, трговија и услуги Илинден АД Струга за Изградба на регионалниот пат Р2246 на делницата од Извор до Гарски мост. Вреден е 23,7 милиони евра, а е во траење од 48 месеци и е објавен на 14 октомври годинава откако бил склучен на 8 октомври.  

Анализа на договорите со оваа компанија покажуваат дека само два дена претходно Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје објавило дека склучило договор со Илинден АД вреден речиси шест милиони евра за набавка на работи – изведување на патиша од инвестиционо одржување во времетраење од две години. Инаку овој договор бил склучен во април годинава. Тоа е трет најголем тендер за оваа фирма од 2008 година наваму, додека изградбата на регионалниот пат од Извор до Гарски мост е апсолутно највердната набавка. Втор најголем тендер со струшки Илинден од 2008 година наваму е склучен лани во април. Вредна е 8,5 милиони евра и повторно ја склучило  Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје.

Инаку оваа фирма се провлекува низ државните тендери и претходно но најмногу во псоледните три години. Сепак претходно повеќе била ангажирана од општините Охрид и Струга.

Со Јавното претпријатие за државни патишта сега директорува Ејуп Рустеми, поранешниот директор на Македонски пошти.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката