08 Мај, 2024
0.0229

Стравот има големи очи, а од војна уште поголеми!

Објавено во: Колумни 27 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Каде ќе оди Путин, ако оди понатаму во воена кампања? Одговорот на ова прашање го бараат многумина. Во воено-политичките кабинети во САД, Велика Британија, во земјите членки на Европската Унија. И деновиве некои излегоа со ставови. Па така, командантот на американските сили во Европа и на силите на НАТО во Европа генералот Филип Бридлав изјави дека следна цел на на Москва ќе биде Молдавија. Според него основа за таков чекор  може да биде руската воена група мировници кои таму се наоѓаат, во непризнатата Придњестровска Република, која се отцепи од Молдавија уште во почетокот на девдесетите години на минатиот век. Едно време, на таканаречената 14- армија командант беше генералот Александар Лебед, кого го сметаа за миротворец во тој дел на постсоветското пространство и човек кој ја прекина граѓанската војна во Молдавија. Министерот за одбрана на Велика британија Мајкл Фелон во исто време изјави дека Русија е закана за земјите од Балтикот, Латвија, Литванија и Естонија. Поточно, како што пренесе весникот The Australian, „Мене ме обеспокојува Путин. Мене ме обеспокојува неговиот притисок врз Балтикот, како да го испитува пулсот на НАТО“, рекол Фелон. И навистна , каде ќе удри Путин? Ако се суди според западниве генерали, тие како секој генерал, сакаат барем мала војна. Па сеедно дали Молдавија или Балтикот. Но, Путин е далеку од тие две споменати локации. Барем краткорочно не му е до војна. Нему во моментов му е најважна Украина. Ако може, да се обезбеди сувоземен пат до Крим. А за тоа му е потребен градот Мариупољ пред чии предградија веќе се наоѓаат сепаратистички војници од Доњецката Република. На Путин работите му се олеснети со Минскиот втор договор. И може да користи и политичка варијанта за да ја оствари целта. Молдавија засега ќе биде мирна. А Балтикот му останува како резерва, ако нешто не променат неговите држави во нивниот однос кон рускојазичното население кај нив. Стравот има големи очи. А оној од војна уште поголеми. За разлика од Запад, Балтикот многу подобро го разбира Путин. Заедничката децениска историја го овозможува тоа. И токму затоа државите во тој дел на Европа веќе преземаат чекори за да не им се случи Украина. Големото руско малцинство во Латвија и Естонија, над 25 проценти од вкупниот број на населението и плус некој процент од рускојазични граѓани, во одреден момент можат да бидат иницијална каписла за нов пожар. Дотолку повеќе што од прогласувањето на независност во овие две земји недомородното население беше подвргнато на еден вид гетоизација или попрецизно, негово игнорирање. Но, сега по Украина работите таму се менуваат. Како да се извлечени поуки. Можете да замислите, естонски министер за одбрана, пред својот претседател, во чија држава рускиот јазик е прогласен за странски, деновиве во градот Нарва, претежно населен со Руси и на 300 метри од границата со Русија, за време на воената парада на НАТО единиците, ги поздравува Русите од Естонија кои помогнале во стекнувањето на нејзина независност. И не само тоа, туку и рецитира песна од руски поет на руски јазик! Невидено дотогаш, но очигледно гест во вистинска насока. Гест кој кажува дека нешто во таа држава ќе се менува во поглед на „странците“ кои ги има 33 проценти. А кои лесно можат да го посакаат „Рускиот свет“. Не помала опасност за развој на украинско сценарио има и во Латвија. Таму, ако се суди според кажувања на самите Латвијци, создавањето на ментално-социјално гето  исполнето со „не граѓани“ може да предизвика експлозија како на Украина. Ако државната политика на оваа земја успеа да ја европеизира, да се влезе во НАТО, без да се праша огромен контингент сега тоа може да се врати како бумернаг. Избраната тактика, голем дел од населението да се игнорира, како да не постои во изминатите години, сега ги дава своите резултати. Просто, може да се почне со организирање на протести, заради рускиот јазик, за поддршка на Донбас и слично. И Русија ќе сака да ги заштити своите сонародници. Во Латвија сега ги согледуваат овие рботи, па ќе се формира рускојазичен канал на телевизијата,кој ќе треба да ја шири политиката на она рускојазично население кое не е согласно со позицијата на Русија кон Крим. И тоа државен канал. Ако досега не можеше да се чуе тој дел од Русите во Латвија, сега и тие и нивниот јазик ќе станат слушани. Нам сето ова ни е познато. Љубчо Георгиевски денес постојано повторува дека најглема грешка му била што ги игнорирал барањата на албанското малцинство во деведесеттите години, за време на стекнувањето на самостојноста на Македонија. Игнорирањето доведе до воен судир, а потоа и до Охридскиот договор. Токму овој договор своевремено Владимир Путин го посочи како пример за решение на проблемите со рускојазичното население во Балтикот. Но тоа негово кажување како да беше речено во ветер. Сега многу години по таа изјава Балтикот е пред предизвик. И почнува да ги олабавува националистичките стеги. Подобро тоа, отколку да се соочи со „внатрешни“ проблеми со рускојазичното население. Путин што спомнал тоа го реализирал. Така беше и за Крим, па сега е во состав на Руската Федерација. Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина