СТРАВ ВО ЛИБАН: Се плашат да не им експлодираат мобилните, лаптопите...
Објавено во: Свет 19 Септември, 2024 17:53
Новинарите на Би-Би-Си разговарале со жителите на Либан кои велат дека се во тешка состојба. Ниту една електронска опрема според нив веќе не е безбедна.
„Не знаеме дали можеме да бидеме во близина на нашите лаптопи, телефони… Во овој момент се изгледа како опасност, никој не знае што да прави“, изјави Гида од Либан за БиБиСи.
Една од продуцентките на Би-Би-Си добила порака од пријател кој рекол дека ја заменила либанската СИМ-картичка со меѓународен број бидејќи била загрижена дека може да експлодира нејзиниот мобилен телефон.
„Се плашам од војна од пошироки размери во Либан, се плашам за мојот народ, се плашам за мојот град, за мојата земја. Затоа што заслужуваме подобро и ја плаќаме цената на војната меѓу Хезболах, Израел, Иран, сите… Заслужуваме подобро“, раскажа таа.
Локалниот новинар Хасан Харфуш за Дејли Меил пишува дека Бејрут е целосно во паника. Групите на WhatsApp се полни со панични пораки. Постојат гласини дека соларните панели, батериите, фрижидерите, можат да експлодираат.
За два дена, во Либан експлодираа пејџери и воки - токи уреди кои ги користеле членови на групата Хезболах. Имаше мртви и повредени.
foto EPA-EFE/WAEL HAMZEH
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




