СТРАШЕН ПОЖАР: Изгореа деца жртви на насилство сместени во дом
Објавено во: Свет 08 Март, 2017
Повеќе од 19 деца изгореа во пожар во Гватемала во дом за деца кои се жртви на насилство, соопштија властите.
Околу 60 деца успеале да избегаат и да се спасат од огнот.
Во овој центар престојувале деца на возраст до 18 години. Засега нема информации за причините за пожарот.
Домот се наоѓа во општината Сан Хозе Пинула, кој е оддалечен 25 километри југозападно од главниот град на Гватемала.
Овој дом беше критикуван заради пренаселеност, наводни злоупотреби и бегства. Според медиумите, во домот живееле 450 деца иако капацитетот бил за 400 деца.