(ВИДЕО) Страотни пожари во Чиле уништија домови и однесоа човечки животи
Објавено во: Свет 01 Февруари, 2017
Повеќе од 20 000 луѓе, вклучувајќи воени лица и пожарникари од други земји, учествуваат во гаснењето на шумски пожари во Чиле, соопшти Националната управа за вонредни ситуации.
Во борбата со огнената стихија се вклучиле војници, специјалисти од националната шумска корпорација, пожарникари доброволци, државни службеници и вработени на приватни компании. Помош пружаат и над 600 странци.
Во активностите за справување со стихијата се мобилизирани 42 авиони на чилеанските служби.
Според најновите податоци, пожарите беснеат во централниот и јужниот дел на Чиле веќе неколку недели. Во пожарите загинаа 11 лица, а огнот уништи над 1.000 домови. Изгорени се 370 000 хектари површини. Ова е еден од најголемите пожари во историјата на Чиле.