СТРАНСКИ ВЕСНИЦИ: Оваа земја е проблематично дете на ЕУ
Објавено во: Балкан 19 Септември, 2017
Хрватска е проблематичното дете на ЕУ, пишува швајцарскиот весник Bener Ceitung за најмладата членка на унијата.
„Хрватска води спорови за својата историја“, е наслов на веста во која Neue Zürcher Zeitung се осврнува на промената на името на еден од најубавите загребски плоштади. Секако, се работи за Плоштадот „Маршал Тито“ кој поранешниот министер Златан Хасанбегович, кој деведесеттите години се шеташе со фашистичка капа, успеа да го преименува во „Плоштад „Република Хрватска“.
„Откако Хрватска се одвои од Југославија таа води спорови за својата историја. Десницата работи на „антитоталитарен консензус“, кој ја изедначува Титовата повеќенационална диктатура со фашистичкиот усташки режим. Но, тоа историски не е точно. Титовиот режим имаше многу репресивни страни, но осигура скромна благосостојба за милиони луѓе и количина слобода каква не познаваше ни една друга социјалистичка земја“- аргументира Neue Zürcher Zeitung.
Весниците пишуваат дека националистичките чувства го отежнуваат наоѓањето компромиси во соседите.