27 Јули, 2024
0.0364

Странците ја фалат македонската гостопримливост, ја сакаат природата, локалитетите, но две работи им „бодат“ очи

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Странските туристи кои ја посетиле Македонија се воодушевени од гостопримливоста на народот, им се допаѓаат рестораните, природата, и сè она што може овде да се види, но во исто време имаат забелешки за македонските патишта и хигиената на јавните места.

4.29 e просечната оценка која странските туристи ја дале за услугите кои ги добиле во земјава, покажа анкета направена на граничните премини претходните години, а објави Државниот завод за статистика.

За однесувањето на луѓето дале оценка 4.68, за безбедноста 4.29, за хигиената на јавните места 3.76. Природната средина ја оцениле со 4.57, забавата и ноќниот живот со 4.40, патната мрежа со 3.59, за рестораните дале оценка 4.53, за аеродромските услуги 4.46, а за археолошките и историски ресурси оценката е 4.78.

Maгдалена Фрост од Полска деновиве престојуваше во нашата земја и даде свое видување. Убавини има, луѓето се љубезни, но фали ред и организираност.

„Првпат бев во Македонија, тоа беше неочекувано кратко бегство. Мојот дечко игра на светското првенство во шах за слепи и слабовидни лица кое моментално се одржува во Охрид. Спонтано заминав на неколку дена затоа што бев љубопитна за вашата земја. Првото нешто што ме воодушеви беа луѓето. Сум сретнала исклучително добри луѓе, но видов дека Македонците се исклучително пријателски расположени и помагаат. Таков впечаток имав во такси, бев и на гости, бев во ресторани. Можеби ова е исклучок и само за туристите се такви, не знам. Но, госпоѓата со која останав во Охрид беше неверојатно корисна и љубезна. Немаше проблем со ништо. Јас лично ја сакам Италија, но Македонија почна да ми го краде срцето иако тоа беше прва посета и тоа само неколку дена. Природата е навистина неверојатна! Прекрасни терени. Бев во Охрид и езерото ми остави огромен впечаток! Се заљубив во Охрид. Одлична јужна клима. Градот е многу убав. Всушност, можете да видите малку неред во исто време - на пример, автомобили на тротоарите. Можете да видите дека луѓето имаат огромни срца таму, но веројатно не знаат како да одржуваат ред“, раскажува Фрост.

Додава дека ѝ се допаѓа темпераментот на македонскиот народ, и посакува Македонија да се развива на туристички план, затоа што како што вели има потенцијал.

Леонардо Волтани од Бразил има поинакво мислење. И за него луѓето се љубезни, но за хигиената, вели дека Македонија е една од почистите балкански земји. 

„Сега сум во Скопје, и можам да кажам  дека ја сакам Македонија, луѓето се многу љубезни. Негативно е тоа што не можам секаде да плаќам со картичка. Како Бразилец, нормално е да одам дури и до мала продавница на аголот од мојата улица, да земам овошје и да платам со картичка, додека овде не ги прифаќаат на сите места каде што отидов, а тоа е исто како Whatsapp наспроти телефонските повици. Би рекол дека Македонија е скапоцен камен надвор од пропаст. Како Бразилец навистина не познавав никој друг што дошол овде претходно, но дефинитивно би се вратил откако ќе поминам еден месец во Скопје!“, вели тој. 

Стевче Доневски, хроничар од Кратово и сопственик на сместувачки капацитет етно куќа Шанчева вели дека има работи кои треба да се средат и на кои треба да се посвети повеќе внимание, со цел да им оставиме подобар впечаток на туристите.

„Внатрешниот дел на манастирите, црквите е прекрасно среден, но треба повеќе да се уреди надворешниот дел, паркинзите. За љубезноста на народот, менталитетот е таков, странците се секогаш добредојдени, каде и да влезат ги пречекуваат насмеани лица, некаде гостите ги пречекуваат со леб и сол, традиционално, некаде со слатко, со ракија“, додава Доневски.

И транзитните патници дале исти одговори, односно најслаби оценки имаат за патната мрежа и за хигиената во Македонија.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

ДОБРА ВЕСТ ОД МВР - полицајците го пронајдоа детенцето од Карпош што се изгуби

ДОБРА ВЕСТ ОД МВР - полицајците го пронајдоа детенцето од Карпош што се изгуби

СЕ СЛИКАЛЕ СО ОРУЖЈЕ И ОБЈАВУВАЛЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ - претрес кај двајца полициски службеници

СЕ СЛИКАЛЕ СО ОРУЖЈЕ И ОБЈАВУВАЛЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ - претрес кај двајца полициски службеници

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди

„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди