Странци без лиценци ќе добијат право да приредуваат онлајн игри на среќа во Македонија
Објавено во: Економија 29 Септември, 2023 12:00
Асоцијацијата на обложувалници смета дека Владата преку Државна лотарија на Македонија ќе им додели единствено право на три странски фирми да приредуваат онлајн игри на среќа без стекната лиценца. Од АСОМ велат дека овие три субјекти ќе бидат во сопственост од 51 отсто во Државна лотарија, а останатиот удел од 49 проценти ќе им припадне на странски фирми по критериум, за кој што асоцијацијата смета дека е намерно така скроен да не можат домашните приредувачи на игри на среќа да се јават на повикот. Ќе дојдат со една канцеларија, без лиценци и вработувања и ќе ги изнесуваат парите од државата, реагираат од таму.
Овој повик е веќе завршен на 22 септември, а до крајот на октомври се очекува да биде отворањето на понудите, по што ќе се изберат трите субјекти кои ќе го приредуваат ова интернет играње, за кое домашните обложувалници и натаму не им е јасно зошто не можат да го приредуваат. Сметаат дека условите се однапред договорени со оние што ќе аплицираат.
- Ова се одвива без консултации со асоцијацијата и надвор од Законот. Никаде законски не е пропишано како ќе се одбираат странските партнери, а повикот е направен во една чудна одлука чија содржина беше донесена како дополнување на една формална одлука. Самиот Закон кој е многу повисок акт ни овозможува и ние да учествуваме, но повикот не ни дозволува, вели Васко Илиевски, претседателот на АСОМ.

Од асоцијацијата сметаат дека самата постапка на јавниот повик е тенденциозно скроена со претпоставки кои не можат да се исполнат. Се бара од апликантите да имаат приходи од неколку десетици милиони евра, што домашните не можат да ги остварат. Од асоцијацијата се сомневаат дека ќе може да учествуваат и такви кои имаат само мал удел на сопственост во големи корпорации од секторот игри на среќа.
- Треба да работи во земја членка на ЕУ, што секако ние не сме тоа. Треба да има три години работно искуство и осум години да има таква маркетинг платформа. Нашето единствено искуство е само шест месеци во интернет игрите на среќа за време на ковид кризата, но сметам дека тоа е доволно затоа што стекнавме големо познавање во тој период и го имаме потребниот кадар, додава Илиевски.
Избраните странци, дополнуваат обложувалниците, нема да подлежат на контролен механизам. Наспроти претходните убедувања од премиерот Димитар Ковачевски, од АСОМ велат дека државата не може да биде гарант за сигурноста, туку само Законот.
- Ние ќе ја обжалиме Одлуката и ќе се искористат сите правни механизми. Ќе го оспориме и самиот јавен повик, најавува Илиевски.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




