Стопанската комора и Дипломатскиот клуб – Скопје со заедничка панел-дискусија: Македонските компании извезуваат во 153 држави, а во 62 од нив извозот надминал 1 милион евра
Објавено во: Економија 03 Јуни, 2025 10:42
На 29 мај 2025 г., во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија се одржа панел-дискусија на тема: „Улогата на коморите и економската дипломатија во промоција на македонските бизнис-интереси и цели на надворешен план“, во организација на Комората и Дипломатскиот клуб-Скопје. Настанот започна со потпишување на Меморандум за соработка меѓу двете институции, со што се потврди заедничката заложба за унапредување на економското присуство на Македонија во светот.
Во своето обраќање, претседателот на Комората, Бранко Азески, истакна дека стопанските комори не се државни органи, туку приватни здруженија основани врз основа на заеднички интерес. „Постоиме и затоа што постои потреба од координирано и здружено делување,“ рече Азески, потенцирајќи дека сто и тригодишната историја на Комората е доказ за нејзината релевантност. Тој нагласи дека економската дипломатија отсекогаш била една од клучните цели на Комората, дефинирана и во нејзиниот Статут, со силен фокус на унапредување на извозот, меѓународната соработка и отворање нови пазари.
Азески ги издвои трите стратешки приоритети на Комората во областа на извозот: поттикнување на иновативноста, развојот на знаења и вештини кај компаниите и зајакнување на јавнo-приватниот дијалог. Тој ги претстави активностите на Националниот совет за извоз, Клубот на извозници и Институтот за извоз како клучни механизми за подготовка и позиционирање на македонските компании на странските пазари. Според достапните податоци, во 2024 година македонските компании извезувале во 153 држави, а во 62 од нив извозот надминал 1 милион евра.
Можеби ќе ве интересира
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?




