20 Април, 2024
0.0270

„Стопанска банка Скопје“ гази јако! Ја зголеми добивката за 2,3 милиони евра, колку е профитот за пола година?

Објавено во: Економија 30 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

„Стопанска банка Скопје“ единствена од големите ривали (групата од три најголеми банки) ги зголеми нето приходите од камати. Освен тоа ги зголеми нето приходите од провизии и од продажба на запленет имот, а ги држи на исто ниво резервациите за можни ризични пласмани. Менаџментот го зголемува учеството во кредитирањето на сметка на вложувањата во државни хартии од вредност!

„Стопанска банка Скопје“, најголемиот кредитор на населението во земјава, во првите шест месеци годинава оствари добивка од 17,8 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех што денеска го објави оваа банка.
Во споредба со истиот период лани оваа банка успеа да го зголеми профитот за 2,3 милиони евра.

Од крвната слика на Стопанска банка Скопје евидентни се следниве факти:

Нето приходи од камати достигнаа 30,7 милиони евра односно 823.000 евра повеќе од истиот период лани. Овој параметар ја прави единствена банка со раст на нето приходи од камати во конкуренција на трите најголеми банки.

Стопанска банка Скопје книжи раст и кај нето приходите од камати. Во периодот јануари – јуни тие се зголемени за 616.000 евра и изнесуваат 6,4 милиони евра.

Банката книжи раст и кај останати приходи од дејноста т.е. продажбата на запленет имот. Тука приходот е 3,1 милиони евра што е за  900.000 евра подобро од истиот период лани.

Предледот на збирните податоци на расходната страна покажува мирна и стабилна „крвна слика со сите уредни параметри во пропишани граници“. Од трошоците издвојување дека износот на резервации е 7,2 милиони евра што е на исто ниво како и првото полугодие лани. Минимално намалување има кај трошоците за вработените и кај амортизацијата, а многу благ раст кај останатите расходи од дејноста.

Стопанска банка Скопје го зајакна кредитирањето во првите шест месеци годинава. Нивото на кредити достигна 1,21 милијарди евра и тоа е за 44,4 милиони евра повеќе во споредба со крајот на декември лани.

Уникатна е тенденцијата на менаџментот на оваа банка за намалување на учеството во финансирање на државниот долг односно евидентно е дека Стопанска банка Скопје го намалила вложувањето во државни хартии од вредност за 31,4 милиони евра до износ од 208 милиони евра.

Благо намалување има и кај износот на депозитите на коминтенти (со исклучок на банките н.з.) затоа што депозитната база е намалена за 24,86 милиони евра и изнесува 1,38 милијарди евра.

Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите