26 Април, 2024
0.0278

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ОСТВАРИ НЕТО ДОБИВКА ОД 6,53 МИЛИОНИ ЕВРА - во првото полугодие растот на профитот е дури 666,74 отсто

Објавено во: Финансии 30 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Стопанска банка а.д. Битола и во првата половина од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. И покрај големите предизвици наметнати од пандемијата на вирусот ковид-19, со кои Банката се справува повеќе од една година, фокусот и понатаму останувана остварување на клучните стратешки цели дефинирани во деловната политика, во развојниот и финансискиот план на Банката.

Од аспект на оперативното работење, фокусот беше ставен на наплата на нефункционалните и претходно отпишани побарувања, што заедно со редовните приходи од работењето, придонесоа за остварување позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2021-30.6.2021 година, односно нето-добивка во износ од 401,79 (6,53 милиони евра) милиони денари, што е значителен пораст на добивката за 666,47 отсто споредено со истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2021-30.6.2021 година изнесуваат 145,71 милиони денари, што претставува 82,43 отсто остварување на планот за вториот квартал од 2021 година. Во услови на надолен тренд на активните каматни стапки на ниво на банкарски сектор, повеќекратното намалување на основната каматна стапка на НБРСМ и поради останатите мерки што се преземаа во врска со настанатата ситуација со вирусот ковид-19, приходите од камати се пониски за 4,02 отсто споредено со периодот 1.1.2020- 30.6.2020 година. Со цел да се неутрализира ваквиот ефект, фокусот беше ставен на контрола на расходите по камати, кои забележаа подинамично намалување од 15,23 отсто. 

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 12,12 отсто односно 7,78 милиони денари споредено со претходната година. Притоа кај приходите од провизии и надоместоци беше евидентиран годишен раст од 12,69 милиони денари споредено соостварените приходи од провизии и надоместоци во периодот 1.1.2020-30.6.2020 година, додека расходите пораснаа за 4,91 милиони денари. Остварувањето во оваа позиција го надминува планот за вториот квартал од 2021 година за 17,12 отсто.

Нето-приходите од курсни разлики не бележат значајни годишни промени во апсолутен износ. 

Останатите приходи од дејноста се повисоки за19,88 отсто,што е главно резултат на ослободувањето резервации за потенцијални обврски во тековната година, што не е случај и во претходната година. Планот за вториот квартал од тековната година во оваа позиција е реализиран со 92,79 отсто. 

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа е позитивна во износ од 349,04 милиони денари, што се должи на поголемиот износ на ослободената исправка на вредност од наплата на претходно отпишано побарување. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа е позитивна и изнесува 2,47 милиони денари, што е одраз на доброто управување со преземениот имот и негова продажба во согласност со поставените плански цели.

Трошоците за вработените бележат намалување од 2,93 отсто споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 92,37 отсто. Останатите расходи од дејноста не бележат позначајни годишни промени во апсолутен износ. Амортизацијата е зголемена за 13,80 отсто на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 80,90 проценти.

Во периодот 1.1.2021-30.6.2021 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување.

Во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2020 година на Стопанска банка а.д. Битола, усвоена на седницата на Собранието на акционери одржана на 26.5.2021 година, Банката не исплати дивиденда за 2020 година.

Недвижностите и опремата бележат зголемување од 141,95 отсто споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2020 година како резултат на стекнат недвижен имот во градба по основ на наплата на претходно отпишано побарување.

Обврските по кредити се зголемени за 25,83 отсто споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2020 година.

Во периодот што следува Банката очекува стабилно макроекономско опкружување и умерено забрзување на економскиот раст. Во согласност со деловната политика, со развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде насочена кон стабилно и профитабилно оперативно работење со фокус на јакнење на депозитниот потенцијал, понатамошно подобрување на вкупната актива преку засилено преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционални кредити, подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, како и активности поврзани со продажба напреземениот имот и контрола на трошоците. Интензивно ќе се работи и на понатамошна дигитализација на одредени процеси и активности во Банката со цел приспособување на понудата на производи и услуги на профилот на современиот клиент. Воедно Банката ќе настојува да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции во однос надинамиката на раст на расходите, што ќе создаде предуслови за понатамошно профитабилно работење.

Можеби ќе ве интересира

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната