27 Април, 2024
0.0266

Стопанска банка АД Скопје утре ќе ги исплати пензиите на картички, на шалтер од сабота

Објавено во: Мои пари 24 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Имајќи ги во превид засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19 Стопанска банка информира дека мартовските пензии од фондот на ПИОМ ќе бидат предвремено процесирани со цел да се намали присуството на пензионери во филијалите на 1виот календарски ден во месецот и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти најосетлива на пандемијата.

Стопанска банка АД Скопје информира дека утре ќе ги исплати пензиите за корисниците на дебитни картички, кои средствата  ќе може веднаш да ги користат во трговија или на банкомати.

Како што наведуваат од банката, исплатата на шалтер ќе биде возможна од сабота, кога ќе бидат отворени сите 55 филијали на Стопанска банка од 8 до 13 часот, со цел  да се овозможи клиентите да располагаат со средствата, а притоа да бидат заштитени од непотребни гужви што се опасни за колективното здравје.

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита. Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти во исто време додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.

Банката согласно воспоставените стандарди за работа, за новиот начин на процесирање на мартовските пензиите до клиентите ќе информира преку сите достапни канали за комуникација:

– Јавна објава на веб страницата, социјалните мрежи и медиумите
– Истакнување на известување во Филијалите и
– СМС известување за клиентите кои оставиле контакт телефон
Стопанска банка АД – Скопје, На ваша страна

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“