14 Декември, 2025
0.0822

Стокомак руши рекорди - македонските традиционални ајвар и бело сирење станаа хит во Србија

Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2025 13:11

Добивај вести на Viber

Стокомак руши рекорди - македонските традиционални ајвар и бело сирење станаа хит во Србија

Македонскиот малопродажен синџир на маркети Стокомак, препознатлив по високиот квалитет и пристапни цени, продолжува со својата забрзана експанзија на српскиот пазар. По успешното отворање на првиот маркет во Пирот, компанијата го отвори и вториот продажен објект во Србија-  во градот Ниш.

Голем број на граѓани на Ниш го посетија отворањето на вториот маркет на македонскиот синџир „Стокомак“ во Србија, што уште еднаш ја потврдува растечката популарност на брендот кај српските потрошувачи. Уште од раните утрински часови, маркетот беше преполн со посетители кои сакаа лично да се уверат во квалитетната и достапна понуда по која Стокомак е препознатлив.

За овој успех најзаслужни се македонските традиционални производи, како ајвар и бело сирење.

“Изненадени сме од големата побарувачка за сите производи, а особено за ајвар и белото сирење, вина и други македонски специјалитети” истакнуваат од компанијата.

Судејќи по реакциите на потрошувачите, македонскиот ајвар, како и другите традиционални производи, играат значајна улога во растечката популарност на Стокомак во Србија.

Стокомак руши рекорди благодарение на својата стратегија, да нуди македонски производи кои се и квалитетни и ценовно достапни. Потребата за овие производи покажува дека македонската култура и храна имаат голема популарност и надвор од границите на Македонија.

Со ова се отвора важно прашање: дали македонските производи се подготвени за поширока конкуренција, надвор од Балканот?

Првичните реакции од српскиот пазар сугерираат дека одговорот е „да“. Огромниот интерес на српските потрошувачи дополнително ја потврдува сè поголемата доверба во македонскиот синџир на маркети- Стокомак, кој веќе важи за еден од водечките малопродажни синџири во Македонија.

„Особено сум задоволен и среќен што голем број жители на Србија ја препознаа нашата вредност и квалитетна понуда. Отворањето на вториот маркет во Ниш е потврда дека сме на вистинскиот пат“, изјави Бојан Стојановски, одговорен за развој и пронаоѓање нови локации во рамки на компанијата.

Во рамки на тековната експанзија, Стокомак активно подготвува нови малопродажни објекти во Лесковац, Панчево, Параќин, Бујановац, Бор, Врање и други градови низ Србија.

Стокомак нуди сигурен, квалитетен и ценовно достапен избор на производи за секое домаќинство. Со секое ново отворање, компанијата го зацврстува својот статус како регионален бренд кој нуди вистинска вредност за потребите на потрошувачите.

Стокомак останува цврсто посветен на својата мисија — квалитет достапен за сите, сега и надвор од границите на Македонија.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија