15 Јуни, 2024
0.0283

Проф. Марта Стојмановска, вонреден професор во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС)

Стојмановска ИЗИИС: Сеизмички мониторинг клучен елемент во процесот на градење безбедни конструкции

Објавено во: Македонија, Интервјуа 09 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Земјотресите кои ја погодија Турција, но и постојаното тресење на тлото, како во Труција, така и во соседството создаваат немир кај граѓаните. Најчестото прашање кое граѓаните го поставуваат е дали може да се предвидат земјотресите, и како да се заштитат при посилен удар. 

Особено значајно во овие природни непогоди е нивното следење и изучување, кое на експертите ќе им даде појасна слика како се случуваат, а можеби во иднина и насока како да се предвидат. 

За следењето на земјотресите голема е важноста на технологијата која се користи, токму на оваа тема и придонесите од следењето на земјотресите разговараме со Д-р Марта Стојмановска, вонреден професор во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 

Која е важноста на следењто на земјотресите во Македонија, и од кога истите се следат со соодветна технологија?

Стојмановска: Важноста на сеизмичкиот мониторинг е исклучитена бидејќи на тој начин не само што се обезбедуваат клучни податоци за проценка на сеизмичката опасност туку истите придонесуваат кон подобро разбирање на самиот процес на настанувањето на земјотресите. Земјотресите како природна појава се карактеризираат со својот фреквентен и амплитуден состав во зависност од геолошката и тектонската структура на сеизмогеното подрачје, со големината на магнитудата, длабочината на жариштето и епицентралното растојание. Заради тоа, регистрациите од земјотрес добиени од едно подрачје, се разликуваат повеќе или помалку од оние регистрирани во друго подрачје, дури и кога се работи за земјотреси со ист интензитет.

Значи разбирањето на природата на движењето на тлото при дејство на јаки земјотреси е од суштинско значење во напорите за намалување на сеизмичкиот ризик не само кај нас, туку ширум светот, а дополнително податоците од земјотресните записи играат многу важна улога при креирањето на регулативите за градење и начините на проектирање во сеизмички активните подрачја.

Следењето на сеизмичката активност е важно не само за информирање на населението и институциите, туку и за студии во областа... Има ли Македонија адекватни мрежи и капацитети за мониторинг? Кои се надлежните институции?

Стојмановска: Да, во Македонија функционира телеметриската сеизмолошка мрежа со која раководи Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, од каде се добиваат информации за основните параметри на земјотресот, локација, длабочина, магнитуда, интензитет, механизам на жариштето на земјотресот и сл., и мрежата за регистрација на силни земјотреси при УКИМ-ИЗИИС. Мрежата за регистрација на силни земјотреси при УКИМ-ИЗИИС е инсталирана во 1972 година со цел следење на силната сеизмичка активност на територијата на целата поранешна Југославија. Инсталирањето и одржувањето на оваа мрежа е реализирано од страна на УКИМ-ИЗИИС и “Калифорнискиот институт за технологија” од Пасадена, САД. После 1980 година, УКИМ- ИЗИИС самостојно го превзема одржувањето и проширувањето на мрежата за силни земјотреси. Моменталната бројка на инструменти опфатени со оваа мрежа изнесува 52 акцелерографи, аналогни и дигитални, и 18 сеизмоскопи.

Инструментите се лоцирани во сите сеизмички зони на територијата на Македонија, со што е обезбедено континуирано следење на сеизмичката активност т.е. регистрирање и обработка на податоци од силни земјотреси.

Покрај инсталираните инструменти на тло, голем број од инструментите за регистрација на силни земјотреси се инсталирани и на поважни инженерски и градежни објекти, како високо спратни објекти и мостови, а посебно на брани за кои е неопходен сеизмички мониторинг во согласност со Правилникот за технички нормативи за сеизмичко оскултирање на високи брани.

Заради перманентно одржување на инсталираната мрежа и обработката на регистрациите од силните земјотреси во Институтот е формирана “Лабораторија за силни земјотреси”, како дел од Одделот за “Природни и технолошки хазарди и екологија”. Во архивата на Лабораторијата од последните 40 години има повеќе од 1200 регистрации на земјотреси со магнитуда од 3.0 до 7.2, од кои над 420 акцелерограми се регистрирани на карактеристично тло, згради и брани. Овие податоци нашле своја примена во инженерската практика, посебно во асеизмичкото проектирање на нови и санирање на оштетените, од земјотреси, објекти, како и во изготвувањето на Прописите за проектирање и градење во сеизмички подрачја, во анализите на сеизмичкиот хазард и во проектирањето на поодделни објекти од витален карактер како влезни сеизмички параметри.

Кои се предизвиците кога станува збор за менаџирање и функционирање на мрежата? Имаат ли слух надлежните институдии за важноста на мониторингот?

Стојмановска: За жал, предизвици има многу. Од 1980 година па се до денеска УКИМ - ИЗИИС со целиот свој ентузијазам и расположлив потенцијал работи на функционирањето и одржувањето на мрежата за сили земјотреси. Меѓутоа реализацијата на овие активности низ годините станува се поотежната од повеќе фактори. Осовременување на една мрежа за регистрација на силни земјотреси е сложен процес што освен време и знаење, бара и соодветни финансии, кои УКИМ - ИЗИИС и покрај сите напори не може да ги обезбеди. Од вкупниот број на инструменти од мрежата на УКИМ-ИЗИИС само 15 се посовремени, дигитални инструменти, додека останатите припаѓаат на првата, најстара, генерација на инструменти за регистрација на силни земјотреси, тип ЅМА-1, базирана на примена на аналогни оптички регистратори и работат со медиум за регистрација – филм. Овие филмови веќе не се произведуваат, па одржувањето на овие инструменти е исклучително тешко, скапо и со неизвесна иднина, а обработката на податоци е долготраен процес. Затоа неопходна е набавка на нова современа опрема за мрежата на силни земјотреси. Дополнително кадарот се намалува, голем број колеги заминуваат во пензија, а не се отвора можност за нови вработувања.

Постојано се реагира и се посочуваат проблемите кај надлежните институции, но за жал без успех до сега.

Дали податоците кои ги добивате со Вашата мрежа се резменуваат со други институции? Дали можеби сме вмрежени во поголеми платформи за мониторинг на силни земјотреси?

Стојмановска: Да, во процес сме на вмрежување кон Европската инфраструктура на мрежи за силни земјотреси со што уште повеќе ќе се доближиме до на нас сродните институции и нашите истражувачи ќе имаат можност да располагаат со бројни регистрации добиени од станиците на преку 16 Европски земји.

Кои податоци од Вашата мрежа би биле од корист за пошироката јавност? Има ли планови за дисеминирање на ваквите информации?

Стојмановска: Секако, во подготовка е веб страната на самата мрежа за регистрација на силни земјотреси каде заинтересираните граѓани ќе можат да видат дел од локациите на инструментите за регистрација на силни земјотреси, како и евентуалните записи добиени од истите заедно со автоматски генерирани карти на забрзувањето на тлото (Shake Maps) во приближно релано време.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Условни казни добија седумте лица кои во јануари упаднаа во М-НАВ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Условни казни добија седумте лица кои во јануари упаднаа во М-НАВ

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе Штип

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе Штип

ИГОР ФИЛКОВ И ГОРАН МИНЧЕВ: ЗНАМ ги утврди кандидатите за министри

ИГОР ФИЛКОВ И ГОРАН МИНЧЕВ: ЗНАМ ги утврди кандидатите за министри

(ФОТО) ГРДА СЛИКА ВО СКОПЈЕ: Превртени јавните тоалети во Градски парк

(ФОТО) ГРДА СЛИКА ВО СКОПЈЕ: Превртени јавните тоалети во Градски парк

ГЛОБАЛЕН ИНДЕКС ЗА МИР: На кое место е рангирана Македонија?

ГЛОБАЛЕН ИНДЕКС ЗА МИР: На кое место е рангирана Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: „Прво ракување во Скопје без провокации“, но и „Повторно провоцира Сиљановска – Не е прекршување терминот Македонија“

ГРЧКИ МЕДИУМИ: „Прво ракување во Скопје без провокации“, но и „Повторно провоцира Сиљановска – Не е прекршување терминот Македонија“

АХМЕТИ-ПАПAДОПУЛУ: Да се почитуваат Договорот од Преспа и демократскиот легитимитет на Албанците

АХМЕТИ-ПАПAДОПУЛУ: Да се почитуваат Договорот од Преспа и демократскиот легитимитет на Албанците

ТЕТОВО: Дворови на пет училишта ќе бидат бесплатен паркинг

ТЕТОВО: Дворови на пет училишта ќе бидат бесплатен паркинг

НАЈВЕРОЈАТНО СЕ ИСПЛАШИЛО ОД КУЧИЊА: Ренџерите спасиле заглавено мече на дрво во двор во Маврови Анови

НАЈВЕРОЈАТНО СЕ ИСПЛАШИЛО ОД КУЧИЊА: Ренџерите спасиле заглавено мече на дрво во двор во Маврови Анови