20 Декември, 2025
0.0677

Стојков: Притисокот врз Бугарија да ги регистрира македонските организации се зголемува

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2022 07:26

Добивај вести на Viber

Кај Стојко Стојков од ОМО Илиден Пирин постои доза на оптимизам дека со текот на времето положбата на македонското малцинство во Бугарија ќе се подобри.

Тој долги години е посветен на борбата за права и пред сѐ признавањето на Македоците во Бугарија. Иако македонските власти најавија дека нема да кажуваат каде какво малцинство постои во регионот, додека пак европратеникот Ангел Џамбаски изјави дека нема да дозволат во Бугарија да има македонско малцинство, Стојков вели дека сите механизми во борба за правата на Македонците не се исцрпени.

„Сѐ уште има некои механизми што не се искористени или не до крај, а се појавуваат и нови можности. Но, поважно е што некои од тие што сега се користат даваат резултати иако полека. Така е мониторингот на Бугарија во Комитетот на министрите кој трае веќе неколку години и притисокот врз Бугарија да ги регистрира македонските организации се зголемува. Нема намалување на барањата. Фокусот е на запирање на негирањето / признавање зашто тоа е коренот на проблемот. Нашите барања биле и продолжуваат да бидат Бугарија да запре со негирањето, да го признае малцинството и да му ги даде сите меѓународно гарантирани права“, вели Стојков.

Објаснува дека младите од различни причини молчат или се апатични.

„Младите: дел се во странство, дел не се заинтересирани, дел се исплашени, дел се асимилирани. Но, сепак има и млади кои се борат“, додава Стојков.

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, пред неколку дена ја поздрави посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Македонија. Тој порача дека Бугарија треба да го признае македонското малцинство.  Рот додаде дека Софија мора да ги спроведе пресудите од Европскиот суд за човекови права.  Македонците во Бугарија имаат добиено 16 тужби во Стразбур, но официјална Софија ги игнорира.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки