14 Декември, 2025
0.0529

СТОЧАРИТЕ ЧЕСТО СЕ ДВИЖАТ ВО ШУМА: Како да се заштитат од евентуален напад на мечка?

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2025 07:59

Добивај вести на Viber

Сточарите често ја напасуваат стоката во шума, но треба да внимаваат и да знаат како да се заштитат во случај на средба со мечка.

Диме Меловски од Македонското еколошко друштво(МЕД) од Скопје, вели дека луѓето кога се движат во шумата треба да бидат претпазливи, посебно ако се сами. Доколку се работи за поголема група, сепак луѓето би се чувствувале побезбедно.

„Во земјава проценуваме дека живеат околу 300 до 350 мечки и тоа главо во западна Македонија. На истокот мечките доаѓаат повремено, но не се задржуваат долго бидејќи се често мета на криволовците. Ова е најмногу затоа што луѓето во тој дел не се навикнати на соживот со мечката и нивниот социјален капацитет за ова месојадно животно е мал. Ниеден сточар никаде каде живее мечката не бил нападнат од мечка. Барем јас немам слушнато за таков случај. Стадата на сточарите се заштитени од овчарски кучиња и тоа е вековна традиција којашто сè уште се практикува. Во секој случај, доколку шетаме во природа каде живеат мечки,  треба да се биде донекаде внимателен, посебно доколку сте сами. Најдобро е да се прави врева, да се даде до знаење за своето присуство и да се носи пепер спреј. Доколку се повеќе луѓе, нема потреба од некакви мерки. Доколку се забележи мечка, поготово ако е со младо, треба полека да се повлечеме и да дадеме простор мечката да го напушти местото“, вели Меловски.

Сточарите објаснуваат дека со себе задолжително имаат кучиња кои ги штитат стадата.

„Сум видел мечка,  беше на 10 метри од стадото, но избега. Кој чува стока, мора да чува и кучиња. Јас лично имам три кучиња“, вели Асан Исаков, жител на селото Скудриње.

Но, во другите краеви на Македонија, сточарите се порелаксирани, затоа што шансите да сретнат мечка се помали.

„Средба не сум имал со мечка. Во велешко не сме виделе мечки. Волци има, шумата е ниска, немаме ние некоја повисока шума како во западна Македонија. Нашите сточари во велешко не верувам дека имаат проблеми со мечки, а повеќето овчари си имаат кучиња“, вели велешанец.

На почетокот на месецов, татко пријавил во Центарот за управува со кризи(ЦУК) дека неговиот син, кој има 15 години, во атарот на селото Крапа, Македонски Брод, имал средба со мечка, но не бил повреден додека бил со стадото.

На бројот за итни случаи– 112, лани летото е регистрирана пријава за напад од мечка врз овци во трло во селото Равен во општина Гостивар.  Во 2024 година, имаше пријава дека мечка нападнала дански турист на Шар Планина.

На потегот помеѓу селата Пласница и Ораоец, во Општина Македонски Брод во 2023 година, мечка повреди маж кој берел бобинки и него го спасија ловци кои биле во близина. Последниве години имаше поплаки од жителите на западниот дел на Македонија дека често ги гледаат мечките во населените места и тоа им предизвикуваше страв. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина