Стивен Колбер: Тинејџери од Македонија престанете да „местите“ избори во САД
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2016
Американскиот шоумен и сатиричар Стивен Колбер одлично ги коментираше наводите дека за победата на Доналд Трамп најголем удел имале вестите кои се ширеле на социјалната мрежа Facebook, особено на лажните вести со скандалозни наслови и лажни содржини кои биле во корист на милијардерот, а против неговите конкуренти.
Токму затоа Колбер им порача на македонските тинејџери да престанат да се мешаат во изборите во САД и да прават вообичаени тинејџерски глупости кои ќе им доликуваат на годините. Пораката е во монологот за време на неговото последно шоу, а почнува околу 6-тата минута.