26 Април, 2024
0.0296

СТИГНУВААТ ВАКЦИНИТЕ КОИ ПОСЛЕДНИ ГИ НАРАЧАВМЕ - ќе ги пречекаат Филипче и рускиот амбасадор

Објавено во: Македонија 07 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство д-р Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во Северна Република Македонија, н.е.Сергеј Баздникин, денеска на меѓународниот аеродорм во Скопје ќе ја пречекаат првата пратка вакцини против Ковид 19, кои Министерството за здравство ги купи од рускиот производител Спутник В.

Вакцините се очекува да стигнат денеска на скопскиот аеродром во 14 часот, а веќе од среда следната недела да почне вакцинацијата на граѓаните.

„Ги добивме од руската компанија сите потребни документи и викендов и по доѓањето и дозволата да се стави употреба, веројато дека среда ќе почне вакцинацијата, а утре ќе стигнат во 14 часот на аеродром“, вели Филипче, нагласувајќи дека од Русија се очекуваат 200 илјади дози.

Од Агенцијата за лекови МАЛМЕД најавуваат дека целата административна процедура која што е поврзана со руските вкцини ќе ја завршат до среда. 

Тоа за телевизија Сител го потврди директорот на МАЛМЕД, Лирим Шабани. 

Вчера Комисијата при агенцијата одобрила интервентен увоз на руската вакцина.

Според него, документацијата за секој производител, е различна. 

За разлика од Фајзер која има зелено светло од Европската агенција за лекови, Спутник В е во фаза на разгледување за одобрување.

„Конкретно за руската вакцина, ние сега засега прво дадовме дозвола за интервентен увоз. Прво да ни стигнат вакцините тука, па потоа следат некои процедури и барања од Министерството за здравство, за пуштање на серија во промет, упатство, стикери и така натаму. Истиот ден, евентуално ден потоа би ги одобриле од страна на Агенцијата. Како и да е, верувам дека до среда ќе бидеме подготвени да почнеме со вакцинација. ... Има разлика, различна е документацијата за вакцината која е одобрена од Европската агенција за лекови и конкретно за вакцината од Русија. Ние за Спутник дадовме дозвола за увоз“, вели Лирим Шабани, директор на МАЛМЕД.

Вкупно земјава има нарачано и очекува 2,2 милиони дози вакцини. 

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите