СТИГНАА НАЈСТРАШНИТЕ ВЕСТИ, ДАНКА Е УБИЕНА: Полицијата оди на местото каде што е телото, Вучиќ вели дека две лица се уапсени и го признале делото
Објавено во: Балкан 04 Април, 2024
Полицијата уапси две лица осомничени за убиството на Данка Илиќ, соопшти претседателот Александар Вучиќ на вонредна седница на Владата на Србија.
„Колку што разбрав, тие го признаа делото. Тие одат на местото каде што беше фрлено телото на детето“, додаде Вучиќ.
Како што кажа тој, самите убијци ја водат полицијата до местото каде што го закопале телото на двегодишното девојче.
Тој се заблагодари на полицијата за големиот труд и посветеност.
Во текот на денот се очекува полицијата да соопшти повеќе детали.
Инаку, двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор, во источна Србија.
Нејзиното исчезнување прво го активираше системот „Најди ме“, односно Амбер алармот во Србија.
Слободна европа.рс