СТИГНА ИТЕН АПЕЛ ОД „СТУДЕНТИТЕ ВО БЛОКАДА“ ПРЕД НАЈМАСОВНИОТ ПРОТЕСТ: „Не ја доведувајте во прашање нашата борба со непромислени потези“
Објавено во: Балкан 15 Март, 2025 07:53
„Студентите во блокада“ на официјалните социјални мрежи објавија правила на однесување пред големиот студентски митинг што се одржува денеска во Белград.
„Овој протест е израз на нашата борба за правда, солидарност и иднина што заедно ја градиме. Затоа е важно сите да ги почитуваме основните принципи кои не водеа од самиот почеток. Силно ја осудуваме секоја форма на насилство. Од првиот ден се бориме против репресијата и неправдата кои јасно се вршеа преку овој систем. Не сакаме некој со своите постапки да го загрози она што досега сме го постигнале. Оваа борба ја градиме веќе три месеци со солидарност, посветеност, љубов и труд“, се вели во соопштението објавено по полноќ.
Апелираат до граѓаните на никаков начин да не ја загрозуваат нивната борба со непромислени потези.
„Целта на овој протест не е да се нападне ниту една институција, ниту да се нападнат неистомислениците. Не сакаме да дозволиме ниту еден чин да го одвлече вниманието од суштината на нашата борба и да го доведе во прашање сето она за кое се залагаме. Ова движење не смее да се злоупотребува. Мора да останеме достоинствени и да покажеме дека сме одговорни, дека ја разбираме тежината на моментот и дека сме свесни за последиците од нашите постапки“, нагласуваат во своето соопштение „Студентите во блокада“.
Напоменуваат дека се против секаков вид вандализам, и дека не сакаат да ги доведуваат во тешка ситуација работните луѓе.
„Не сакаме да чистат по нас и да ги поправаат работите. Нашата борба не е борба за уништување, туку борба за создавање. Нема да дозволиме нашите протести да бидат обележани со инциденти, туку исклучиво со нашата одлучност и заедничка визија за подобро општество. Затоа ве повикуваме сите – да бидеме обединети, да бидеме одговорни. Да се водиме од разумот, емпатијата и заедништвото. Се бориме за промени кои ќе донесат подобра иднина, но можеме да ги постигнеме само ако се држиме до нашите принципи и ја покажеме силата на достоинството и солидарноста. Да чекориме заедно, гласно и одлучно, но мирно и одговорно. „Ова е нашата борба, ова е нашата иднина и заедно ја градиме“, се заклучува во соопштението.
фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKICМожеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




