15 Декември, 2025
0.0345

Стево Пендаровски го отстапи претседателското столче

Објавено во: Македонија 24 Мај, 2019 10:02

Добивај вести на Viber

Шефот на државата Стево Пендаровски за момент му го отстапи претседателското столче на Васил Јанкула од Ресен, инаку лице со посебни потреби кој со специјално дизајниран трицикл го мина целиот западен дел од Македонија. Момчето со церебрална парализа во придружба на својот тренер и двајца браќа извозе 800км за 8 дена, сè со цел да ја крене свеста за перцепцијата на лицата кои живеат со ваква состојба.

„Денес го отстапив претседателското столче на Васил Јанкула од Ресен, момче со церебрална парализа.
Овој Кабинет секогаш ќе работи за општество еднакво за сите“, напиша Пендаровски.

Васил, со својот подвиг докажа дека #СитеСмеИсти, сака да работи во својот град Ресен исполнувајќи го својот сон, еден ден да оформи свое семјство. Тој со својот трицикл, кој бил изработен специјално за него во Кавадарци, извозел од Ресен кон Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, а го искачил во тешки временски услови превојот кон Маврово и Дебар, па продложил кон Охрид и Струга.

Васил Јанкула ни покажа на сите една многу важна работа, истрајноста е најважна, нема откажување!“-напиша Пендаровски.


Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат