15 Декември, 2025
0.0531

Стефан Богоев: Проверете зошто вечерта немало обезбедување и која е конекцијата на фамилијата Алабаковски

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2022 14:35

Добивај вести на Viber

Стефан Богоев, еден од потпретседателите на СДСМ, синоќа во гостувањето во емисијата „24 анализа“ постави прашање со кое алудираше дека Агенцијата за обезбедување на клубот „Иван Михајлов“ во Битола е на сопственици блиски до ВМРО-ДПМНЕ, а разузнавачки структури од оваа партија биле поврзани со фамилијата на Ламбе Алабаковски.

Пејачот беше уапсен за потпалување на влезот на контроверзниот културен центар, а синоќа беше пуштен во домашен притвор.

„Проверете, која и чија е Агенцијата за обезбедување најмена да го чува центарот ‘Ванчо Михајлов’. Дали сопственичката структура е блиско поврзана со поранешни и сегашни активности на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто во тоа време се тргнал обезбедувачот? Каква е конекцијата на Алабаковски фамилијарно, со разузнавачки структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ? И проверете, два дена пред пожарот кој поранешен министер од безбедносните структури, припадник на ВМРО-ДПМНЕ, со кој тим се сретнал во Прилеп, соседен град на Битола, и дали тоа има никаква поврзаност со Агенцијата за обезбедување која што магично исчезнува во моментот кога магично невиниот Ламбе Алабаковски се решава да го запали центарот? Од друга страна, ова реков да го проверите, не констатирам ништо“, рече Богоев.

При тоа, поранешниот градоначалник на Карпош рече дека ги знае одговорите Јавното обвинителство во Битола досега отвори постапка само за кривичното дело - Предизвикување општа опасност, поради основано сомнение дека Алабаковски истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар, ставил фитил на прагот и го запалил. 

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“