05 Декември, 2025
0.0579

Стечајот над Еуростандард ќе го води Душко Тодевски, кој го водеше и стечајот на Експорт-импорт банката

Објавено во: Економија 17 Август, 2020 11:59

Добивај вести на Viber

Се огласи судот преку кој ќе се води стечајната постапка на Еуростандардс банка, информирајќи дека е отворен стечај врз банката во петокот минатата недела. 

Стечајот ќе го води стечаен управник Душко Тодевски, а првото рочиште за утврдување на долговирте на банката ќе се одржи на 10 октомври годинава.

„Поради поголемата заинтересирност на медиумите во врска со предметот СТ – 123/20, Ве известуваме дека со Решение СТ–123/20 од14.08.2020 година на овој суд е усвоен предлогот за отварање на стечајна постапка над должникот Еуростандард банка АД Скопје и за стечаен управник е определен Душко Тодевски од Скопје.

По предметот СТ-123/20 е закажано рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на доверители на ден 08.10.2020 година, во 13 часот, во судница II, I кат.“, велат од судот.

Инаку, пребарувањето покажува дека во април 2018 година Душко Тодевски бил назначен за стечаен управник на Експорт импорт банката на Методија Смиленски, на која и беше одземена дозволата за работа.

Претходно имало друг стечаен упреавник на Експорт импорт банката, а Тодевски дошол на негово место. 

А сопственикот на банката Трифун Костовски во петокот минатата недела кажа дека ако се прифати и се отвори стечајна постапка врз Еуростандард банка, тој ќе ја тужи државата и Народна банка пред меѓународен суд.

Според Народна банка на Македонија, во последниве четири и пол години Еуростандард банка натрупала загуни од близу 18 милиони евра. 

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“