СТАНУВААТ ГЕРМАНЦИ, ЧЕСИ: Во оваа балканска земја 90.000 се откажале од државјанство
Објавено во: Балкан 04 Декември, 2019
Скоро 90.000 граѓани на БиХ се откажале од државјанството, а властите се загрижени затоа што секоја година бројот на барања расте.
Од воените години досега 88.163 граѓани се откажале од босанско државјанство.
Само оваа година од босанско државјанство се откажале 3.735 граѓани.
Во 1996 година само 6 луѓе се откажале од државјанство, а потоа бројот се зголемувал.
Сега босанските граѓани кои се откажале од државјанство на БиХ, се државјани на Германија, Австрија, Словенија, Чешка, Норвешка.
При барање за отпус, граѓаните не се должни да наведат причина зошто се откажуваат од босанско државјанство, но во неформални разговори кажуваат дека тоа е поради поседување имот во друга земја, подобри услови за студирање, патување, и други можности кои во својата земја ги немаат.