18 Април, 2021
0.0223

Станете виртуелен ренџер и учествувајте во зачувување на загрозени животински видови во африканската савана

Објавено во: Мои пари 04 Март, 2021

Компанијата Samsung најави лансирање на нов амбициозен проект наречен Wildlife Watch, кој користи технологија за борба против ловокрадството во африканската савана - напредните камери на Galaxy S20 Fan Edition (FE) паметните телефони деноноќно ќе го снимат природниот резерват Балуле во Јужна Африка, дел од Националниот парк Кругер, додека снимките ќе бидат пренесувани во живо. Сите корисници ширум светот се поканети да ја „преземат“ стражата и да станат виртуелни чувари-ренџери, борејќи се против истребувањето на загрозените животински видови, следејќи ги во нивното природно живеалиште и уживајќи во спектакуларни сцени од удобноста на нивниот дом, но и да донираат средства за да го поддржат нивното зачувување.

Користејќи го технолошкиот напредок и еден од своите понови Galaxy модели на телефони, Samsung ги здружи силите со африканската иницијатива Africam, за да го направи овој свет поубаво место. Africam е организација основана во 1999 година од страна на љубителите на недопрената природа и животните што живеат, кои со текот на годините ја постави целата мрежа на камери во оддалечени локации низ цела Африка, чија содржина се емитува во живо во повеќе од 200 земји. Africam целиот свој профит го донира на Black Mamba Здружението за борба против ловокрадството – женска единица што користи ненасилни методи за спречување на ловокрадството, што се зголемува од почетокот на пандемијата на коронавирусот, бидејќи ловокрадците го користат наглиот пад на туризмот во Африка.

Четири Samsung Galaxy S20 FE телефони се инсталирани наместо дополнителни камери во саваната, зголемувајќи го опсегот на постојната Africam инфраструктура во природниот резерват Балуле, повеќе од половина, во текот на целата кампања. Повеќе пиксели, подобрени опции за вештачка интелигенција и Space Zoom со зголемување до 30 пати, вклучително и 3х оптичко zoom на pro-grade камери, ќе им овозможат на ренџерите од здружението Black Mamba да направат фотографии со подобар квалитет  додека патролираат во саваната. Од голема далечина, дури и при слаба осветленост и несигурни услови во саваната, може да испраќаат јасни слики полни со детали назад во својата база, како доказ во истрагата за активностите на ловокрадците.  

Иницијативата е поддржана и од познатата јужнокорејска продуцентка, DJ и модна дизајнерка Peggy Gou, која е голем љубител на животни - особено жирафа: „Иако сите ги сакаме овие прекрасни животни, суровата реалност е дека ловокрадството се зголемува на целиот африканскиот континент. Неверојатно е и да се помисли дека уредот што го користиме секој ден може да помогне во решавање на ваков важен проблем. Можноста секој од нас да стане виртуелен ренџер и да ги поддржи оние кои на теренот се борат против ловокрадците, исклучително е возбудлива “, рече Peggy Gou.

Со учество во кампањата, корисниците имаат можност да ги предупредат ренџерите доколку видат животни во опасност или забележат знаци на ловокрадство, објавувајќи фотографии на социјалните мрежи како доказ и поканувајќи пријател да се придружи.

„Благодарение на виртуелизацијата на нашиот секојдневен живот, моќта што ја има технологијата, да ги зближи луѓето и да ги поттикне да направат нешто за добро и во корист на сите нас, никогаш не била појасна. Wildlife Watch е навистина возбудлива кампања која, покрај подобрувањето на набудувањето и зачувувањето на загрозените животински видови и подигнување на свеста за проблемот со ловокрадството, има и цел да ги развесели луѓето и да ги забавува, гледајќи и учејќи за дивиот свет и неговите убавини“, рече Mark Notton, senior директор на одделот за мобилни телефони во Samsung Europe.

Користејќи технологија за добротворни цели, Wildlife Watch ја поддржува Агендата за одржлив развој до 2030 година, план усвоен од 193 земји-членки на Обединетите нации. Samsung веќе соработуваше со Програмата на Обединетите нации за развој (UNDP), создавајќи едукативна мобилна апликација заснована на донации - Samsung Global Goals. До денес, собрани се над 1,5 милиони долари во донации уплатени од Galaxy  паметните телефони.

Wildlife Watch иницијативата ќе биде активна од 3 март до 8 април 2021 година. За повеќе информации посетете ја:https://www.samsung.com/mk/explore/photography/anti-poaching-wildlife-watch/ и погледнете го видеото:

За да го гледате преносот во живо и да учествувате во кампањата на загрозените животински видови, посетете ја https://www.wildlife-watch.com

-ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Иутекредит доделува целосна стипендија за додипломски студии на Универзитетот Американ колеџ Скопје

Иутекредит доделува целосна стипендија за додипломски студии на Универзитетот Американ колеџ Скопје

Целосна стипендија за најдобрите средношколци од Меѓународниот балкански универзитет

Целосна стипендија за најдобрите средношколци од Меѓународниот балкански универзитет

Објавен е годишниот резултат на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со состојба на 31 декември 2020 година

Објавен е годишниот резултат на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со состојба на 31 декември 2020 година

Макпетрол Инфо Поинт: Совети за безбедно претекнување

Макпетрол Инфо Поинт: Совети за безбедно претекнување

Голема наградна игра на Супер Кит-Го, Кит-Го и Тера Маркети, три автомобили во три извлекувања

Голема наградна игра на Супер Кит-Го, Кит-Го и Тера Маркети, три автомобили во три извлекувања

Скопје за првпат добива вистински вертикални градини

Скопје за првпат добива вистински вертикални градини

Сите услуги на KARIERA.mk БЕСПЛАТНИ за сите ЖЕНИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ до крајот на годината

Сите услуги на KARIERA.mk БЕСПЛАТНИ за сите ЖЕНИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ до крајот на годината

Паметни бизниси - иднината е сѐ побрза!

Паметни бизниси - иднината е сѐ побрза!

Независните тестирања потврдија: Прочистувачот Blueair Health Protect е првиот во светот кој го отстранува живиот коронавирус од воздухот

Независните тестирања потврдија: Прочистувачот Blueair Health Protect е првиот во светот кој го отстранува живиот коронавирус од воздухот