14 Декември, 2025
0.0389

„Стабилноста на домашната валута е зачувана“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за монетарната политика

Објавено во: Финансии 27 Мај, 2024 10:59

Добивај вести на Viber

Затегнатата монетарна политика, користењето сет од макропрудентни мерки беа од клучно значење за одржувањето на стабилноста на девизниот курс, посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на настан организиран од Централната банка на Исланд и престижниот американски универзитет „Нортвестерн“. Имено таа учествуваше на конференцијата „Макроекономската стабилност на малите и отворени економии – предизвици и лекции“, којашто се одржа во Рејкјавик, Исланд. Таму таа зборуваше за искуството за успешното задржување на стабилноста на девизниот курс во македонската економија. 

- Во раната транзиција, како и многу други економии од ЦИЈИЕ, усвоивме стратегија на фиксен девизен курс за справување со хиперинфлацијата, којашто ја применуваме и во моментов. Таа е соодветна на карактеристиките на нашата економија, којашто има висока трговска отвореност (160 отсто од БДП), висока зависност на извозот од увозни компоненти, висока финансиска отвореност (185 проценти од БДП), како и релативно висок степен на евроизација на банкарскиот систем (околу 42 отсто од активата е во евра). Овие карактеристики отвораат можност за висок преносен ефект од девизниот курс врз цените и финансиската стабилност, без позначителни ефекти врз економскиот раст - нагласи Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката се осврна и на последната криза, и на предизвиците за задржувањето на оваа стратегија. Таа потсети и на притисоците на девизниот пазар коишто беа видливи од почетокот на пандемијата до средината на 2022 година, за кои беа нужни значителни интервенции од страна на централната банка, коишто во одреден момент достигнаа 15 проценти од девизните резерви.

Активните интервенции на девизниот пазар беа можни благодарение на девизните резерви насобрани пред кризата, покрај поддршката од меѓународните финансиски институции во кризниот период. Насобраните резерви ги одразуваат претходните претпазливи макроекономски политики и постепената и соодветно распределена либерализација на капиталната сметка. 

Затегнатата монетарна политика, користењето сет од макропрудентни мерки првенствено насочени кон зголемувањето на отпорноста на  банкарскиот систем, како и мерките преземени за зголемување на транспарентноста и комуникацијата со јавноста, коишто уште повеќе ја зајакнаа довербата во Народната банка, беа од клучно значење за одржувањето на стабилноста на девизниот курс“, нагласи Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката подвлече дека и покрај шоковите од невидени размери, стабилноста на девизниот курс беше задржана, а нивото на девизните резерви во моментов е повисоко за близу 40 отсто во споредба со преткризниот период.

На панел-дискусијата, којашто беше предводена од професорот Харис Делас, од Универзитетот „Сури“ и Институтот „Карл Брунер“, покрај гувернерката, учествуваа и гувернерот на Банката на Словенија и гувернерот на Банката на Естонија. На настанот учествуваа повеќе професори од престижни универзитети.

Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари