29 Април, 2024
0.0250

Стабилно и профитабилно работење на Стопанска Банка а.д. Битола

Објавено во: Мои пари 31 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Во првото полугодие од 2016 година Стопанска банка а.д. Битола дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика, во развојниот и финансискиот план на Банката, при што во текот на периодот го приспособуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување.

Во овој период банката успеа да ја зголеми вкупната билансна сума за 14.34% или 10.294 милиони денари, споредено со истиот период 2015 година. Зголемената билансна сума овозможи зголемена кредитна активност и во периодот од 1.1.2016 до 30.6.2016 година остварен е раст од 18,71 милиони денари, односно 14,83% на нето-приходите од камати, во однос на истиот период од минатата година. Притоа, приходите од камати бележат раст од 5,33% споредено со првото полугодие од 2015 година.

Во овој период банката го намали учество на нефункционалните кредити во бруто кредитното портфолио за 77,68% и со 30.06.2016 тоа изнесува 2.97% што овозможи подобрена квалитативна структура на активата преку насочување на средствата од продажба на преземениот имот во каматоносни позиции. Зголеменото бруто кредитно портфолио и зголемената работа во платниот промет во земјата и странство, зголемениот обем на работа со платежни картички, распространетата мрежа на дистрибуција, како и зголемената клиентска база, придонесоа за раст на нето-приходите од провизии и надоместоци од 4,48 милиони денари, односно 10,97% споредено со истиот период минатата година.

Нето-приходите од курсни разлики на 30.6.2016 година изнесуваат 12,80 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување за 52,14%. Останатите приходи од дејноста се повисоки за 66,97% во однос на првата половина од 2015 година, што главно се должи на капитални добивки од продажба на дел од преземениот имот.

Стопанска банка ад Битола на крајот на првото полугодие од оваа година во услови на значително повлекување на депозитите од банкарскиот сектор, успеа да го зголеми своето депозитно јадро за 13,86% во однос на истиот период минатата година.

Во првото полугодие од 2016 година е остварен негативен финансиски резултат во износ од 21,23 милиони денари, главно како резултат на поголемата исправка на вредноста на финансиските средства и загубата од оштетување на нефинансиските средства, во согласност со Одлуката за сметководствениот и регулаторен третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања.

Исполнувањето на планот за првите шест месеци од 2016 година во делот на вкупната актива изнесуваше 93,80%, бруто-кредитите на нефинансиски субјекти беа остварени со 78%, додека кај вкупните депозити речиси во целост е остварен планот за првото полугодие од 2016 година со процентот на остварување од 98,91%.

Во согласност со Деловната политика, со развојниот план и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде насочена кон обезбедување на стабилно и профитабилно оперативно работење. Ќе продолжи со преземање интензивни мерки и активности за наплата на нефункционални кредити, за подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, како и со активности поврзани со продажба на преземениот имот и контрола на трошоците. Воедно, преку понуда на конкурентни производи и услуги кои во целост ќе одговараат на потребите на клиентите, Банката ќе настојува да го одржи трендот на раст на нето-приходите од камати и да ги зголеми нето-приходите од провизии и надоместоци со што би се создале услови за подобрување на финансискиот резултат.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг