19 Декември, 2025
0.4972

ССМ: За 1 година, за 16.940 денари пораснала синдикалната минимална кошничка

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2022 15:18

Добивај вести на Viber

Од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) велат дека за една година за 16.940 денари пораснала вредноста на синдикалната минимална кошничка. 

Сојузот на синдикати на Македонија континуирано ја следи економската состојба во државата, а посебно од аспект на обезбедување на основни егзистенцијални права за достоинствен животен стандарт на работниците и граѓаните.

„Како најголем и репрезентативен синдикат загрижени сме, и сметаме дека работниците и граѓаните ќе бидат доведени до тешка економска социјална положба, со зголемувањето на инфлацијата во државата. Растот на инфлацијата која од месец за месец е се поголема за месец октомври рекордно достигна до 19,8 отсто што влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население. Сојузот на синдикати на Македонија ја изработи новата минималната синдикална кошница за месец октомври која достигна до 51.514,00 денари и истата е зголемена за 1 290,00 денари од претходниот месец септември која изнесуваше 50 224,00 денари, а од почетокот на годината јануари 2022 година порасна за 15 703,00 денари.  Во споредба со истиот месец октомври претходната година зголемена е за 16.940,00 денари“, велат од ССМ. 


Од месец во месец, велат дека драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домакинство, а платите не го следат истиот раст. Истото го покажува и самата пресметка на синдикалната минимална кошница што ССМ ја пресметува секој месец. ССМ бара зголемување на платите на сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор. 
foto freepik.com/rido81

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии