26 Април, 2024
0.0266

ССМ: Платите во државата да го следат порастот на инфлацијата, но и порастот на синдикалната кошница

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) како единствен репрезентативен синдикат и национален социјален партнер кој будно ги следи и анализира економските состојби во државата смета дека поради здравствената, енергетската и воената криза е потребно интензивирање на социјалниот дијалог во рамките на постоечките институции со цел отворен разговор и изнаоѓање на решенија за сите отворени прашања со цел ублажување на последиците од овие кризи особено за најранливите категории на работници и граѓани. 

„Уште повеќе инсистираме и бараме на одпочнување на социјален дијалог бидејќи сметаме дека може да се соочиме со штетни последици за работниците како што се: 

1. Губењето на реалната куповна моќ на работникот заради трошоците на живот - инфлација 

2. Опасност од доцнење на неисплата од заработената плата. 

3. Затварање на работни места и отпуштање 

Со цел на преживување во време на кризата: 

1. ССМ бара платите во државата да го следат порастот на инфлацијата, но и порастот на синдикалната кошница која ја изработува ССМ. 

2. ССМ бара доследна примена на одредбите од колективните договори за усогласување на платите согласно порастот на инфлацијата како и утврдување на ваква одредба во општиот колективен договор за јавен сектор и општиот колективн договор за приватен сектор која ќе с еоднесува за сите работници и работодавачи 

3. ССМ бара проширување на досегашни анти кризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти како и проширување на повеќе прехрамбени продукти. 

4. ССМ бара да се воведе повторно мерката за право на платежна картичка за купување домашни производи и плаќање на сметките за електричната енергија за одредена категорија на работници и граѓани кои се најзагрозени и најпогодени од економската криза односно бараме да се поделат вредносни картички за купување храна и плаќање на сметките за електрична енергија на одредена категорија на семејства, особено на оние чиј вкупен приход е во износ под просечна плата (31.812,00 денари) во едно четиричлено семејство во висина до разликата од синдикалната минимална кошница (48.230,00 денари). Исто така бараме да бидат опфатени и категориите на средношколци и студенти кои се школуваат надвор од местото на живеење со субвенционирање на дел од трошоците од нивното сместување. 5. ССМ бара да се овозможи бесплатен градски превоз до и од работа со оглед на тоа што таквиот трошок за вработените граѓани е секојдневен и неизбежен, а несомнено го оптеретува домашниот буџет. Овие мерки за работниците и граѓаните од најраниливе категории значат егзистенција во оваа економска и енергетска криза“, велат од ССМ.

Очекуваат Владата наредната недела на седница на Екомомско социјалниот совет да ги прифати ваквите мерки и на тој начин да им испадне во пресрет на работниците со најниски примања и најранливите категории на граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката