06 Декември, 2025
0.1007

Српските туристи до крајот на годината ќе имаат попусти во хотелите во Охрид и Струга

Објавено во: Македонија 28 Април, 2021 06:52

Добивај вести на Viber

До крајот на годината, српските туристи во хотелите во Охрид и Струга ќе имаат попусти од 20 отсто.

Само во шпицот на сезоната од 15 јули до 15 август, дел од хотелите кои не можат да понудат попуст од 20 отсто, ќе дадат попуст од 10 отсто. Крсте Блажески од ХОТАМ вели дека оваа мерка е со цел да се заблагодариме на Србија која многу помогна во процесот на имунизација, да му се помогне на домашниот туризам, и да ги задржиме српските гости кај нас. Дополнително, додава дека предност е тоа што голем дел од српските граѓани се вакцинирани, а во интерес на сите е да имаме безбедна летна сезона.

„Најголем дел од хотелите ќе понудат попуст од 20 отсто. Српските туристи овој попуст ќе можат да го искористат летово, но и до крајот на 2021 години, односно ќе можат да добијат попуст и за Нова година. За тоа кој хотел колкав попуст нуди, ќе можат да проверат на веб страниците на хотелите, но и кај агентите доколку планираат да дојдат преку туристичка агенција. На располагање се 20.000 легла, и нормално дека дел од нив ќе бидат пополнети со домашни гости. Ова лето очекуваме дека ќе има исполнетост над 90 отсто, ако продолжи овој тренд да паѓа бројот на заболени, и доколку не се случи некој нов бран“, рече Блажески.

Од 15 јуни до 15 август, српските граѓани нема да плаќаат патарина во земјава. Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски, договорија летово српските туристи во Дојран да добијат попусти во туристичко-угостителските објекти и бесплатен паркинг. На пат за Грција, многу од српските туристи го посетуваат и Дојран. Во меѓувреме, се преговара и со други општини за попусти. Пред пандемијата, секој квартал по неколку илјади српски туристи ја посетуваа Македонија. Заедно со Турците, тие беа најчести гости. Србија во неколку наврати донираше вакцини за Македонија, а илјадници македонски граѓани примија вакцина во Србија.

Сања Атанасовска

foto freepik

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија