14 Декември, 2025
0.0508

СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ ДОБИЈА ПОДДРШКА: Ќе излезат и пензионерите

Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2025 18:11

Добивај вести на Viber

Пензионерите во Србија најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари.

На социјалните мрежи се појави вест дека пензионерите во Србија ќе се приклучат на поддршката за студентите и дека во среда, 5 февруари, во 10:30 часот ќе организираат протестна прошетка од Плоштадот Република до Студентскиот плоштад, јави весникот Данас.

Оваа информација ја потврди Јован Тамбуриќ, претседател на Здружението на синдикати на пензионирани воени лица на Србија. Тој изјави дека е во координација и со други пензионерски здруженија за да се приклучат на оваа акција на поддршка.

Tие ќе оддадат почит на жртвите од несреќата на Железничката станица во Нови Сад, како и на пензионерите кои настрадаа во пожарот во домот за стари лица „Ивановиќ“ во Барајево.

Со овој собир сакаме да им дадеме поддршка, да ги охрабриме и да им покажеме дека ние, пензионерите, стоиме зад нив. Се радуваме на нивната борба и веруваме дека ќе ја ослободат Србија од недемократијата, непочитувањето на Уставот, законите и узурпацијата на националните богатства и граѓанските слободи“, порача Тамбуриќ.

Во изминатите неколку дена, од обвинителите во Белград беше побаран извештај за текот на постапката против напаѓачите на студенти кои беа на блокади и на улиците на главниот град во последните месеци, по уривањето на настрешница на Главната железничка станица во Нови Сад, дознава Нова.рс.

Оваа информација за „Нова“ ја потврдија повеќе различни извори од српското правосудство. Заедно со нивните колеги од Белград, неофицијално, истото барање го добиле и новосадските обвинители.

Иако понудената оставка на премиерот и некои локални функционери го зазедоа вниманието на јавноста, студентите изјавуваат дека ова не е нивна цел и дека ќе продолжат со протестите додека не се исполни нивните вистински барања.

„Нашите барања не се однесуваат на оставки. Ние бараме одговорност за трагедиите што се случија и за недостатокот на соодветни мерки во изградбата на проектите кои доведоа до падот на настрешницата, при што загинаа 15 луѓе. Не сакаме само да се смени некој политичар, туку да се обезбеди безбедност и соодветен надзор над сите инфраструктурни проекти,“ вели Никола Петровиќ, студент на Правниот факултет.

Протестите се проширија на повеќе сектори и се приклучија различни професионални групи, како што се инжењерите, здравствените работници и адвокатите. 

Откако на 1 ноември лани во Нови Сад се урна натстрешница  на Железничка станица, загинаа 14 луѓе, меѓу кои и македонскиот научник, Васко Саздовски. Девојка која беше повредена во несреќата, почина во болница и таа беше 15-та жртва. 

Можеби ќе ве интересира

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?