08 Мај, 2024
0.0240

Српскиот милијардер Мишковиќ денеска на распит во полиција

Објавено во: Балкан 03 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Мирослав Мишковиќ денеска во својство на граѓанин ќе се појави на распит во  полицијата каде ќе зборува за тоа како  неговата компанија "Delreal 1" од корисник стана сопственик на 12 хектари земјиште во Нов Белград. Сопственикот на "Делта холдинг" Мирослав Мишковиќ ќе биде сослушан денеска, а претходно, како што  соопшти компанијата тој ќе одговори на повикот. Како што објавува српската државна телевизија, тој како граѓани бил поканет да објасни како неговата компанија "Delreal 1" од корисник станала сопственик на 12 хектари земјиште во Нов Белград. За имотната корист вредна околу  23 милиони евра преку промента на земјиштето во блокот 53, Мирослав Мишковиќ ќе заборува во својство на граѓанин во просториите на криминалната полиција. Како што дознава РТС во  2002 година "Делта М" на  Мирослав Мишковиќ и Дирекцијата за изградба на градежно земјиште  Белград, потпишале договор за користење на 16 хектари земјиште со цел да се изгради  простор за производство и магацини.  Следната година, "Делта" поднела барање за  заедничко користење на земјиштето, а на распишаниот оглас се јавува само  само белградскиот "Delreal 1", што  во 2003 годинна било  и одобрено. Освен паричната надокнада, со договорот се дефинирани и  условите за изградбата во фази. И покрај фактот дека сите рокови се пробиени, договорот за користење сеуште не е раскинат и земјиштето од  16 хектари  не е одземено  како што е случај со други спорни инвеститори. И покрај тоа, како што објави српскиот јавен сервис, во 2009 година компанијата на Мишковиќ аплицира за конверзија на 12 хектари од земјиштето. Сослушувањети на Мирослав Мишковиќ  во полицијата ќе потрае до 16 часот, доколку не прифати да одговара на прашањата за други кривични дела како што е приватизацијата на "Друштвото за патишта - Белград". Еден ден пред сослушувањето на Мирослав Мишковиќ, компанијата "Делта" соопштила дека сопственикот и неговото семејство никогаш не соработувале со инкриминизирани лица и дека компанијата никогаш не работела со јавни компании, поради што се отфрли можноста за вмешаност во коруптивните зделки. Од таму потенцираат и дека компанијата никогаш не работела со државата, акцизна стока, работа поврзана со национални, природни и други ресурси, ниту пак  работела со јавни претпријатија.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?