Добивај вести на Viber
Српскиот бизнисмен Милан Беко, еден од најбогатите луѓе во Србија, е во добра состојба и е пуштен на домашно лекување, изјави заменик директорот на Ургентниот центар во Белград Драган Јовановиќ.
Беко успеа да преживее обид за атентат врз него, иако беше погоден со два куршуми во стомакот и неговата состојба се оценуваше како критична.
По сторителите, кои го чекаа пред домот за да го извршат нападот, се уште се трага. Во тек е истрагата и околу мотивите за нападот.
Полицијата пред куќата на Беко пронајде четири чаури и едно зрно.