08 Мај, 2024
0.2367

СРПСКИ МИНИСТЕР ТЕЖОК 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: „Рајските документи“ го тресат светот!

Објавено во: Балкан 06 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Документите кои излегоа од две агенции за офшор услуги од Бермудските острови и од Сингапур покажуваат дека бизнисите и имотот на српскиот министер без ресор Ненад Поповиќ вредат најмалку 75 милиони долари, а дека нивната пазарна вредност е поголема од 100 милиони, што убедливо го прави најбогат политичар во земјата, пренесоа српските медиуми, повикувајќи се на КРИК.

Документите го откриваат бизнисот на различни домашни бизнисмени, а КРИК открива кои се најпознати луѓе од Србија, чии имиња се појавуваат во „Рајските документи“, пишуваат уште медиумите од регионот.

Откако во 2012 година станал потпретседател на Народното собрание, Поповиќ дошол на идеја своето богатство да го реорганизира низ сложена мрежа на офшор компанија која би ја контролирал труст од Хонг Конг и две фирми од Островот Ман. Адвокатската куќа “Appleby“ која Поповиќ сакал да ја ангажира, меѓутоа, спровела истрага и открила различни контроверзии во врска со бизнисите на Поповиќ, посебно оние во Русија.

КРИК најавува и дека детално за бизнисите на министерот Поповиќ, ќе се занимава во посебен текст, кој ќе биде објавен во текот на неделава.

Истражувањето на „Рајските документи“ кое го спроведуваат Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари ИСИЈ и германскиот весник „Зидојче цајтунг“ открива тајни бизниси на светските лидери, англиската кралица, музички ѕвезди и познати корпорации.

Новите документи ги продлабочуваат откритијата на минатогодишниот проект „Панамски документи“, кога од една од најпознатите агенции за основање офшор фирми се појавија 11,5 милиони документи.

Во проектот „Рајски документи“ учествувал и КРИК заедно со истражувачки новинари од дури 95 медиуми и анализирал документација во врска со Србија.

НОВА АФЕРА: „Рајските документи“ открија кој се од елитите не плаќал данок

Можеби ќе ве интересира

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака