06 Декември, 2025
0.0865

СРПСКИ ЕПИДЕМИОЛОГ ТВРДИ: Вирусот е при крај, но има неколку работи без кои не можеме понатаму

Објавено во: Балкан 03 Мај, 2020 13:40

Добивај вести на Viber

Српскиот епидемиолог Предраг Кон утрово рече дека тековниот епидемиски бран во рамките на пандемијата на вирусот корона е при крај, и дека, сезонски гледано, вирусот полека исчезнува.

Тој, сепак, предупреди дека бројот на 157 лица што се новодијагностицирани вчера, предупредува дека во наредниот период има потреба од мерки за социјално растојание, миење на рацете и сите епидемиолошки мерки препорачани од стручната фела. 

„Важно е да останат мерки за социјална оддалеченост. Исто така, ова се однесува на миење на рацете и средства за дезинфекција, како и употреба на маски кога е потребно“, изјави Кон за РТС, а пренесе Курир.рс.

Наведувајќи дека најновите бројки за бројот и состојбата на пациентите се охрабрувачки, Кон вели дека можеме да се радуваме, но сè уште не смееме да се опуштиме.

Тој рече дека влеговме во помирна фаза на епидемијата, но дека сè уште има „слаби точки“ каде што вирусот може да се шири брзо, како што се центрите за геронтологија. Кога станува збор за поставување патувањето со авион, тој посочи дека воздушниот сообраќај нема да оди толку брзо или лесно.

„Пред да се воспостават сите правила на однесување во меѓународниот сообраќај, тешко е дека воопшто ќе има летови. Нејасно е дали ќе бидат применети карантински или мерки за самоизолација. Ако тие се применуваат, ништо од летовите“, забележа Кон.

Што се однесува до кафулињата и рестораните, кои започнуваат со работа од утре, Кон рече дека ќе има јасно обврзувачки препораки, многу специфични за угостителите, како и за посетителите на тие места.

"Ќе има употреба на маски кога се движите наоколу, а се препорачува да се седи на терасите од локалите. Еден човек ќе биде на два и пол метри квадратни, за оние што ќе седат надвор, и три метри за оние што ќе седат внтре. Секој е должен да го обезбеди тоа", рече д-р Кон.

Според него, јасно е дека првично ќе биде разреден сообраќајот во главниот град. „Во Белград се планира да го користат само вработените, барем на почетокот. Значи, тоа е многу контролирана употреба на сообраќајот“, рече тој.

Тој рече дека Србија ќе биде далеку поподготвена да го пречека вториот бран, ако воопшто и го има. „Тестирањето што ќе се направи на антитела ќе ни даде одговор како да се подготвиме за есен и зима“, заклучи Кон.

фото: Курир.рс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии