14 Декември, 2025
0.4079

СРПСКАТА АЛТА БАНКА ЈА „ПИКИРА“ СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - ова се деталите

Објавено во: Финансии 10 Мај, 2025 06:24

Добивај вести на Viber

Српската Алта банка, некогашната ЈУБМЕС банка, е заинтересираниот и можен купувач на Стопанска банка Битола, дознава Фактор од извори во банкарскиот сектор.

Според пребарувањата на интернет, може да се види дека станува збор за српска комерцијална и инвестициска банка со седиште во Нови Београд во главниот град на Србија. Основана е во 1979 година како ЈУБМЕС банка, а во 2020 година го смени името во Алта банка по промената на сопственичката структура.

Како што сега стои на веб страницата на Банката, вкупниот акционерски капитал на АЛТА банка а.д. Белград се состои од 417.042 обични акции, а сите акции се во сопственост на правното лице, акционер ALTA PAY GROUP doo.

Сопственик на Alta Pay Group е српскиот бизнисмен Давор Мацура. Тој е и претседател на Управниот одбор на Алта банка, а покрај тоа е и активен во финансискиот сектор во регионот. Под негово раководство, Alta Pay Group стана 100 отсто сопственик на Алта банка.

Мацура е исто така познат по своите инвестиции во други финансиски институции, вклучувајќи и купување на околу 30 отсто од акциите на Addiko Bank AG, што ја направи Alta Pay Group најголем поединечен акционер во таа банка. 

Извршна директорка на таа банка е Уна Сикимиќ. Бројот на филијали кои ги има Алта банката во Србија е девет, а нејзиниот приближен број вработени изнесува 235.

Во 2024 година нето добивката на Алта банка изнесуваше близу 13 милиони евра. Додека, пак, една година претходно, 2023 година, Алта банка оствари нето добивка од 9,4 милиони евра, што значи дека лани банката имала сериозен раст на добивката во однос на 2023 година. Во 2023 година, пак, во однос на 2022 година, добивката на банката е зголемена значително, бидејќи во 2022 година профитот на Алта банка изнесувал само 450 илјади евра. Во 2020 година, банката имала вкупна актива од 201 милион евра и капитал од 34 милиони евра.

Повеќе детали тука. 

Можеби ќе ве интересира

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори

ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи