14 Декември, 2025
0.1167

„СРЕДЕ СКОПЈЕ КОШТА ГИ ТОРПЕДИРАШЕ ЗАМАЈУВАЊАТА НА ПРОПАГАНДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Величковски за гостувањето на Кошта во земјава и неговите изјави

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2025 06:40

Добивај вести на Viber

Ивон Величковски со свој став за изјавите на Антонио Кошта за евроинтегративниот процес во кој се наоѓа земјава.
Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за "план Б" и "креативни решенија".

Но и поддршката на СДСМ како "македонска парламентарна опозиција" за "креативните решенија" на власта, вклучително директни преговори со Софија за кои не е заинтересиран никој.

Ниту ни одат во прилог, оти да не заборавиме дека отстапувањето од прашањата утврдени со Преговарачката рамка по барање на Скопје значи можност за нов сет прашања по барање на секоја од европските метрополи, вклучително Софија.

Затоа Кошта беше логичен, практичен и дециден:

"Да не го поткопуваме планот ‘А’ и да се фокусираме на исполнување на планот ‘А’.

Тоа што е договорено е договорено, сега треба да го исполниме тоа.

Не ни е потребен план ‘Б’, само треба да го исполниме планот ‘А’“.

Со тоа Кошта го соочи македонскиот народ со два факти:

- директно, дека партиите и функционерите не' лажат со изјави за нови "директни преговори", "креативни решенија" и сл., и

- индиректно, дека ако не побараме македонски политичари со друга реторика и пракса - нема кого да обвинуваме за состојбата, освен самите себе.

Прес-патетиките на Мицкоски и замислените дипломатско-правни толкувања а-ла Правен факултет Скопје на Силјановска-Давкова, секако, се толерираат како декоративни изјави на кои никој не им придава значење веќе утре.

Преговарачката рамка е утврдена и сериозни политичари и институции по неа постапуваат. Освен ако не работат спротивно на националниот интерес на Северна Македонија и особено на македонскиот народ“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина