СРЕДБА НА БОЖИНОВСКА СО ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР: Отворена врата за француските компании за инвестирање во енергетиката

Објавено во: Економија 09 Јули, 2024 17:18
Искуствата на Република Франција, како една од водечките држави во Европската Унија, во делот на енергетиката, декарбонизацијата и зелената транзиција може да бидат мошне значајни за Македонија, беше заклучокот од денешната средба на Сања Божиновска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини со Сирил Бoмгартнер, амбасадорот на Република Франција во земјава.
Договорена е поинтензивна соработка и размена на мислења и искуства со француските експерти во делот на енергетиката.
Министерката Божиновска ја истакна отвореноста за француски инвестиции во секторот енергетика, имајќи го предвид присуството на француски компании во Западен Балкан.
За време на средбата, покрај останатото, беа покренати прашања од аспект на билеталарните економски односи меѓу двете држави и притоа, заеднички беше констатирана подготвеноста да се пристапи кон посуштински разговори со цел конкретизирање на идната соработка во периодот што претстои.
Можеби ќе ве интересира
БРАТОТ НА ИЛОН МАСК ГИ ПРОДАДЕ АКЦИИТЕ ВО ТЕСЛА ЗА 27 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Претседателот на Управниот одбор поднесе оставка

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ СИТЕ ЧИИ ЛИЦЕНЦИ СЕ ОДЗЕМЕНИ: Николоски речиси е при крај со „чистката“, бројката на одземени лиценци расте

Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...
