13 Мај, 2024
0.0249

Србите осомничени за убиството на Закинтос добија притвор до судењето

Објавено во: Балкан 13 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Грчкиот обвинител и истражен судија одлучиле во притвор да останат петмина српски државјани од деветмината сослушани поради убиството на Американецот на Закинтос.

Најавеното обвинение против нив се однесува на убиство со намера, пренесуваат грчки локални медиуми, а се очекува истата одлука, за притворање до судењето, и за останатите четворица кои денес излегоа пред судија.

Меѓутоа, никаква одлука уште не е соопштена.

Најавеното обвинение против петмината е најтешко: убиство со умисла бидејќи е заклучено дека однапред се одлучиле на убиство, пренесуваат грчки локални медиуми.

Инаку, осомничените кои се нашле пред истражен судија ја негирале вината.

Вчера искази пред истражен судија дале еден 34-годишен Грк, еден 32-годишен британски државјанин за кој се тврди дека е со српско потекло и тројца српски државјани на Србија-двајца 18-годишници и еден 21-годишник.

Според нивните адвокати, пренесуваат грчките медиуми, најтешкото обвинение кое се подготвува против нив би донело казна доживотен затвор.

Адвокатот на двајцата 18-годишници од Србија Лефтерис Јанатос го оценил ова обвинение како „најтешко, но очекувано“, иако „има целосна доверба дека грчкиот суд обвинението (против нив) ќе го преиначи од убиство со умисла во нанесување смртоносни повреди, и дека судењето ќе биде праведно“.

Тоа второто обвинение-за нанесување на смртоносни повреди, обично во Грција донесува затворска казна со предвремено пуштање на слобода после четири до пет години затвор, додека повеќето осудени за убиство со умисла, доживотно останануваат во затвор.

Кога би можело да започне судењето е тешко да се процени, со оглед на тоа дека допрва се очекува спроведување на истрагата и собирање на докази, па потоа покренување и потврдување на обвинението и дури потоа закажување на судење.

Инаку, осомничените би можеле да поминат во притвор и до 18 месеци, чекајки на судење. Според грчкиот закон, максимален притвор кој може да се одреди во истрагата е шест месеци, но се можни и две продолженија до максимални 18.

Сепак, вообичаена пракса е притворите да траат најдолго до истекот на шест месеци.

Порталот „Imerazante“ наведува дека денес ќе биде одлучено и во кој затвор осомничените ќе бидат префрлени.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!